Калдејскиот патријарх повикува на помош за христијаните во Ирак

По повод Денот на молитва за Ирак, калдејскиот патријарх од Багдад упати порака до меѓународната заедница. Во пораката испратена до агенцијата Азија Њус, католичкиот калдејски патријарх Луис Рафаел Сако ја поттикнува меѓународната заедница на братство и солидарност за да им се овозможи престој во Ирак на христијаните протерани од Мосул, пренесува Радио Ватикан

Пораката упатена по повод Светскиот ден на молитвата за Ирак, која што Сако ја организира во соработка со здружението Помош на Црквата во неволја ќе се одржи на 6 август на празниот Преображение Господово. На државите кои изразија подготвеност да им дадат дом на бегалците, Франција и Бахреин, Патријархот во пораката им заблагодарува на нивниот великодушен предлог но истовремено и истакнува дека не е решението на проблемот во стекнувањето на визи за престој во странство, туку во политичко решение за да им се „овозможи да останат во ова земја која ја сакаме и да имаат сигурен живот, еднаквост и достоинство за сите.“

Ако Франција и дугите држави навистина сакаат да помогнат – стои понатаму во пораката – тоа нека го направат поттикнувајќи ги семејствата да останат испраќајќи им помош за да можат да ја ублажат својата болка и да изградат домови во градот каде што ќе можат сигурно да живеат. Состојбата на христијаните сѐ уште е очајна бидејќи џихадистите сѐ и одземаа – истакнува патријархот.

За тоа како се чувствуваат христијаните јасно зборува постепеното намалување на бројот на христијаните во Ирак. Од 1,4 милиони христијани во 1980 година во Ирак, во 2003 година има околу 800 илјади, а денес околу 300 илјади. Не радуваат ниту вчерашните вести дека терористите на Исламската држава постигнале нови успеси. Го освоиле Мосул Дам, курдските сили го предале без борба – известува ирачката телевизија. Терористите ја надгледуваат најголемата брана во Ирак и нафтено поле и уште три други места.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот