Исусе Ти мисли
Колку работи правам кога мојата душа има свои потреби, било духовни било телесни, Мене Ми се обраќа, ме гледа и Ми вели: „Исусе Ти мисли“. Затвори ги очите и одмарај се во мене!
Добивате помалку милости кога упорно сакате да ги добиете и „досадувате“ со молитвата, а добивате многу кога во молитвата потполно ми се доверите на Мене. Вие кога сте во очај се молете да ве отргнам од таа ситуација или проблем, но тоа да го направам како што вие сакате… Обратете ми се Мене, но вие сакате јас да се прилагодам на вашите идеали; како кога болниот му сугерира на лекарот како да го лекува.
Не правете така, туку молете како што ве научив во Оче наш: „Да се свети името Твое“, т.е. биде прославен во моите потреби. „Да дојде царството Твое“, т.е. нека се се води кон остварување на Твоето царство во нас самите и во светот: „Да биде волјата Твоја“, значи Исусе Ти мисли.
Јас посредувам се со мојата семоќност и ги решавам и најзамрсените ситуации. Еве ти гледаш дека злото напредува наместо да гледаш како тоа пропаѓа. Не вознимирувај се, затвори ги очите и кажи ми со доверба: „Нека биде волјата Твоја, Исусе Ти мисли“. Ти реков дека јас мислам и посредувам како лекар, а исто така правам чудо кога е потребно. Гледаш колку си немоќен? Не грижи се, само затвори ги очите и кажи: „Мисли Ти“. Ти кажав дека јас ќе мислам.
Спротивно од тоа е грижата, вознемиреноста и размислувањето за последиците од некоја работа. Тоа е исто како вознемиреноста кај децата кои бараат нивната мајка да мисли на нивните потреби, на начин како што тие сакаат и да им ги исполнат сите нивни идеи и желби. Затворете ги очите и дозволете да ве носи струјата на моите милости, затворете ги очите и дозволете ми да делувам, затворете ги очите и не мислете на сегашниот час. Отфрлете ја мислата за иднината како искушение. Одморете се во мене, верувајте на мојата добрина и се колнам во својата љубов, дека ако во својата преданост само ми кажете: „Мисли Ти“, а навистина мислете на вашата ситуација, дека ќе ве утешам, ќе ве ослободам и ќе ве водам. И кога ќе морам да ве водам по други патишта од оној кој сте го замислеле вие, тогаш и ќе ве поучувам, ќе ве носам во рацете, бидејќи нема помоќен лек од моето посредување со љубов. Но, Јас мислам само кога вие ќе ги затворете очите. Вие не можете да спиете, вие сакате се да проверите, да испитате, на се мислите, на тој начин вие се препуштате на човечките сили или уште полошо на луѓето, се предавате во нивното посредување. Всушност тоа смета на моите зборови и на моите замисли.
Ох, кога само би знаеле колку многу ја чекам вашата преданост за да можам да ја искажам добрината и колку сум нажален кога вас ве гледам вознемирени! Сатаната настојува да ве вознемири за да ве истргне од моите раце и да ве направи плен на човечките иницијативи. Затоа, доверете се на мене, одмарајте се во мене, предадете ми се на Мене за се. Јас правам чуда онолку колку што вие ми се предавате, а не онолку колку што вие се препуштате самите на себе. Јас делам милости кога вие сте во потполно сиромаштво! Кога имате некои свои извори, макар и непознати или ако ги барате, вие се наоѓате во природно поле, го следите природниот тек на работите во кои често е вплеткана сатаната. Никој од оние кои се расправаат или размислуваат не прават чудо, па дури ни светците. Само оној кој се препушта на Бог може да делува на божествен начин. Кога гледаш дека работите се комплицираат, со затворени очи кажи си во душата: „Исусе Ти мисли “. Ослободи се од своите мисли… насочи го вниманието на друго бидејќи твојот памет е ограничен и тешко можеш да го препознаеш злото. Затоа секогаш доверувај ми се Мене, а ослободувај се од самиот себе. Прави така во своите потреби. Прави така за се, и непрестано ќе гледаш големи и тивки чуда. Ви се колнам во својата љубов. Јас ќе мислам, бидете сигурни. Молете се секогаш расположени за преданост и ќе уживате во голем мир и големи плодови, па и тогаш кога ви давам милост на жртвување, надомест за гревовите и обнова на љубовта која носи трпење. Ви се чини невозможно? Затвори ги очите и кажи си во својата душа: „Исусе Ти мисли “. Не плаши се јас ќе мислам. А ти во понизност благословувај го Моето Име. Не вредат твоите молитви толку колку што вреди преданоста со доверба; сети се на тоа. Нема покорисна деветница од ова:
„О Исусе, се предавам на Тебе, мисли Ти“
„Предај се на моето срце… и ќе видиш.“ Сакаш ли да веруваш на мојата семоќ, а не на своето делување; дозволи ми да делувам во Тебе и преку Тебе во другите. Барај ја мојата интимност, изгаси ја мојата жед за тебе, за да можам да те збогатам, љуби како што јас сакам. Дозволи ми да дојдам, дозволи ми да те посетам, дозволи ми да ја излијам на тебе својата семоќ.
Ако бидеш со Мене не труди се со своите сили да направиш нешто и да ја докажуваш својата способност, ќе бидеш сведок на својата вера и на мојата семоќ… Ако останеш со Мене и нема ли да брзаш да се грижиш за своите интереси, препушајќи ми се со полна доверба, ќе ти дадам се што ти е потребно, според мојот вечен план. Ќе ти ги дадам чуствата кои ти се потребни, ќе ти дадам сочуство кон ближниот, ќе направам да зборуваш и правиш тоа што јас сакам. Така твоето дејствување ќе произлегува од мојата љубов. Јас тогаш самиот ќе можам да делувам, а не ти со своите активности, ќе донесам нови чеда, кои ќе се родат во Мене. Ќе направам толку колку што ти сакаш да бидеш мој вистински син, бидејќи знаеше „ ако ја вршиш мојата волја ќе бидеш мој брат, моја сестра и мајка“ за да можеш да ме донесеш на другите, за јас да наоѓам нови чеда, за јас да можам да се родам во другите. Така јас ќе се служам со вистински синови, ќе можам да создавам нови синови. Тоа што ти би го направил за да успееш е ништо во споредба со тоа што јас го правам тајно во срцата на оние кои љубат. „Останете во мојата љубов… Ако останете во Мене и ако моите зборови останат во вас барајте што сакате и ќе ви се даде. (Превод Д.И.)