Света Катерина, девица и маченичка

Како најпозната светица Катерина во историјата на книжевноста секако дека е света Катерина Сиенска, во историјата на духовноста Катерина Геновска, а во народната побожност света Катерина Александриска, која ние денес ја славиме. Штета само, што и нејзиниот живот е обвиен во легенди, убави легенди, но за нас би било многу помило да имаме за неа историски докажни податоци.

За време на владеењето на цар Диоклецијан во сите римски провинции беснеело страшно прогонство. Посебно силно прогонството било во Египет и го нарекувале „Кина во стариот свет”. За тие маченици покасно настанале легенди , кои се наречени Пасионес (Passiones), кои повеќе се плод на побожни фантазии, отколку на точни историски податоци за соодветната личност. Се работело за легенди на кои повеќе им било до поттикне, одошто до историјата. Истото за жал мораме да го констатираме и за Маките на света Катерина маченичка (Pussio sanctаe Catharinae martyris).

Бидејќи се работело за една христијанска девица со висока положба, многу интелигентна, убава, како на тело така и на душа, нејзиното мачеништво, што го поднела во Александрија уште повеќе делувало на народната фантазија, па така за неа се родиле и многу легенди. Една од нив е и ова:

„Максимин Даиј, кој дошол на власт во римските афрички провинции наследувајќи го роднината Галериј, се заљубил во Катерина толку многу што одлучил да се разведе од својата жена и да се ожени со Катерина. Младата христијанка најрешително го одбила. Тој, тогаш ја соочил со 50 филозофи со намера тие да ја убедат дека Христос, бидејќи умрел на крстот не може да биде Бог. Но Катерина служејќи се одлично со говорничките вештини, а уште повеќе со доброто познавање на филозофијата и теологијата, ги придобила на своја страна филозофите кои просветлени со благодатта го примиле христијанството. Во очите на паганите двоструко поразени, добиле маченичка круна бидејќи Максимин ги подложил на маки и ги погубил.

Не можејќи Максимин да ја убеди Катерина се разбеснил и ја дава на страшно мачење: тркало со бодежи кој ќе ја сечи. Но таа справа за мачење се распаднала. Тогаш маченичката одведена е надвор од градот каде што и е отсечена главата”.

Според таа легенда ангелите телото на Катерина го пренеле на Синај и таму го погребале. На тоа место покасно е изграден славниот манастир света Катерина кој постои уште и денес. Египетскиот претседател Анвар Ел Садат покрај тој манастир на 19. ноември 1979 година започнал да гради голем религиозен центар за трите монотеистички религии: христијанството, еврејството и муслиманството, на местото каде Бог во Стариот Завет на Мојсеј му ги предава Десетте заповеди да биде место на молитва и обожавање на единиот вистински Бог.

Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот