Свети архангел Михаили и сите небесни бестелесни сили

Свети Архистратиг Михаил е еден од најпочитуваните и најпрославените ангели и бестелесни небесни сили. Тој е наречен архангел иАрхистратиг, односно главен заповедник на ангелската војска.Архангел Михаил се празнува на 21 ноември заедно со останатите небесни бестелесни Сили .

Неговото име, на хебрејски „Ми ка ел“ значи „Кој е како Бог?“, или „Има ли ко Бог?“ и e борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Според Светото Писмо и Преданието, неговото застапништо многу пати помогнало во зачувувањето на верата. Верниците најчесто го повикуваат на помош при одбрана од непријатели и при немири, безредија и војни. Кога сатаната, Луцифер, отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил станал и возвикнал пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели запеаја: „Свет, свет, свет Господ Саваот, полни се небот и земјата со славата Твоја, Осана во висините!“

Aнгелските чинови

Почитувањето на ангелите често се одметнувало во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Кривоверците ги прикажувале ангелите какобогови, други иако не ги сметале за богови ги нарекувале создатели на сиот видлив свет. Помесниот собор во Лаодикеја во едно од своите правила го отфрлува поклонувањето на ангелите како на богови и го дефинира правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), бил востановен празникот на Архистратиг Михаил и другите небесни бестелесни Сили.

Свети Дионисиј Ареопагит, ученик на свети апостол Павле, во својата книга „За небесната Хиерархија“ ги опишува ангелските чинови.  Тие чинови се следните: шестокрилни Серафими, многуоки Херувими и богоносни Престоли, Господства, Сили и Власти, Начала, Архангели и Ангели. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил.

Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ и секој христијанин има свој ангел чувар. Треба секогаш да знаеме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел – чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек.

Категорија: духовнитекстови

За авторот