Исус Христос: Реален извештај за маката

Дали Исусовата смрт е обична претстава, а неговото воскресение лага? Постоеле многу обиди во текот на историјата Христовото воскресение да се оспори. Едни тврдат дека побегнал во Индија, други пак дека побегнал во Египет. Трети дека само се онесвестил од исцрпеноста на крстот или дека добил средство од кое само изгледал како да умрен, па покасно оживеал од свежиот и влажен водзух во гробот. Се наведуваат различни „докази“ или дека Понтиј Пилат примил мито за да овозможи Исус да биде симнат од крстот пред да умре… Теоријата за несвест и понатаму цвета во облик на урбан мит. Понекогаш ова се појавува кога разговарам за воскресението со оние кои се во потрага по духовното.

Медицински докази

Што навистина ни говорат доказите? Што навистина се случило при распнувањето? Што било причина за смртта на Исус? Дали воопшто постои можност да ги преживее сите тие маки? Се надевав дека медицинските докази ќе помогнат токму при решавање на таквите прашања. Почукав на врата на истакнат лекар кој опширно и интензивно ги проучува историските, археолошките и медицинските податоци поврзани со смртта на Исус Назареецот – и покрај тоа што не е направена обдукција поради фактот што телото загонтено го снемало.

Го побарав д-р Метерел, бидејќи слушнав дека располага со медицински и научни знаења, како и со потребното искуство за да го објасни распнувањето – за таа тема може да разговара прецизно и објективно, без емоции. Д-р Александер Метерел дипломира медицина (на универзитетот во Мајами, Флорида) – докторира машинство (на анлискиот универзитет Бристол), зборува со научна прецизност – дијагностичар, член на Американскиот одбор за радиологија, работи и како советник на Националниот институт за срце, гради и крв при Националниот институ за здравје во Бетесд, во сојузната држава Мериленд.

Како некогашен научник кој предавал  на универзитетот Калифорнија, има пишувано научни трудови, има напишани прилози за публикации во списанија од Aerospace Medicine до Scientific Americana. Неговата генијална анализа за стегање на мускулите е објавена во Physiologist и во Biophysics Journal. Додека предаваше Метерел настапуваше научно резервирано, говорејќи полека и методично, не давајќи никакви знаци на внатрешна вознемиреност, смирено опишувајќи ги ужасните детали од Исусовата смрт.

Што и да се случувало под површината, колку и да го вознемирувало како христијанин што зборува за безмилосната судбина која го погодила Исус, сето тоа успева да го прикрие со професионалноста добиена благодарејќи на децениските лабораториски истражувања. Даваше само факти…

Маката на крстот

Стробел: „Можете ли да ми опишете што точно се случило со Исус?“, го прашав.

Метерел: Сѐ започна после Последната вечера, Исус отиде со учениците на Маслиновата гора – поточно во Гетсеманската градина. Таму, за потсетување, молеше цела ноќ. При тоа ги предвидуваше настаните кои беа пред него. Бидејќи што знаеше колкаво страдање го очекува, нормално го очекуваше и голем психолошки стрес.

Стробел: Само момент… токму тука скептиците се смејат славејќи задоволно. Во евангелијата стои дека во таа фаза од неговата кожа, наместо пот, започнало да тече крв. Зарем тоа не е плод на малку бујна фантазија? Зарем тоа не го доведува во прашање веродостојноста на авторот на евангелието?

Метерел: Воопшто не. Станува збор за состојба која медицината ја познава под поимот хематидроза. Не е многу честа, но се поврзува со голем степен на психолошки стрес. При тоа тешкиот облик на тешкотии предизивикува ослободување на хемиски материи од кои пукаат капиларите во потните жлезди. Поради тоа во жлездите влегува мала количина крв, па така на површина потта излегува помешана со крв. Не станува збор за некоја голема количина крв, туку многу, многу мала количина.

Стробел: Дали тоа некако влијаеше на неговото тело?

Метерел: Поради тоа кожата му станала многу чувствителна, така што морало да биде многу, многу болно кога утредента е камшикуван од римскиот војник.

Стробел: Кажеме ми, какво било тоа камшикување?

Метерел: Познато е дека римските камшикувања биле страшно болно. Обично станувало збор за триесет и девет удари со камшик, но често пати биле и повеќе, зависно од расположението на војникот со камшик, римскиот ликтор – извршителот на казни. Војникот се служел со камшик исплетен од кожни ремени во кои биле вплетени метални кугли. Кога камшикот удира, куглите предизивкуваат модрици, набивање или контузија, кои со наредните удари би се отвориле. Камшикот имал и делови од остри коски, кои длабоко ја сечат кожата. После ударите грбот станува расечен и изранет, што понекогаш во длабоките резови се гладале и делови од р’бетот. Камшикот постепено зафаќа сѐ од рамењата до половината, задникот и задниот дел на бутовите. Страшно.

За момент Метерел замолчи. Продолжи му реков!

Еден лекар кој ги проучуваше тепањата од римјаните рече: Со продолжување на камшикувањето, резовите би продирале и во долните мускули и така би добиле развлечени делови од ракрварено месо. Историчар од 3 век, по име Евзебиј вака го опишува камшикувањето: На казненикот се соголени вените и самите мускули, тетивите, а и утробата на жртвата се гледа.

Знаеме дека многумина би умреле од такво камшикување и пред да бидат распнати на крст. Во најмала рака, жртвата би проживувала страшна болка и би потонала во хиповолемички шок.

Метерел употреби медицински израз, кој за мене е непознат. Прашав: Што значи хиповолемички шок?

Хипо значи ’под, недоволно’, додека вол се однесува на количина, волумен, додека емик на англиски се однесува на ’крв’, па така хиповолемички шок е состојба во која лицето страда поради губиток на голема количина крв, ми објасни лекарот. А има четири последици.

Како прво срцето забрзува со работата, бидејќи се обидува да пумпа крв, која ја нема. Како второ паѓа крвниот притисок, поради што доаѓа до несвестица и колабирање. Како трето, бубрезите не создаваат урина, за да го одржи постоечкиот волумен. И како четврто, човекот станува страшно жеден, бидејќи телото бара течности за да се надомести изгубената количина крв.

Стробел: Дали таквата состојба ја наоѓате со докази во евангелието?

Метерел: Да, без никаков сомнеж. Исус бил во хиповолемички шок додека одеше кон Голгота, притоа носејќи ја хоризонталната греда. На крајот колабира, а римскиот војник му наредува на Симон Киренеец да го носи крстот наместо него.

Покасно читаме како Исус вели: Жеден сум! и тогаш му дадода да пие оцет. Поради страшните последици од тоа тепање, воопшто нема сомнеж дека Исус  веќе бил во тешка состојба, па и критична состојба, и тоа уште пред да му бидат прободени нозете и дланките со клинови.

(Продолжува)

Битно/превод:го*ко

За авторот