Исус нè чека
Исус неизмерно нè љуби. „Радоста моја беше со синовите човечки“ (Изреки 8, 31). Затоа кога дошол часот за да го остави светот, му било тешко да се оддели од луѓето. Затоа нашол начин за да остане меѓу нас под лебот, да биде наш постојан придружувач, помошник и утешител на патот кон небото.
За возврат Тој сака и ние Него да го љубиме, да бидеме со Него, почесто да Го посетуваме, подолго со Него да се задржуваме. Тој сака да биде реалноста како што молиме со Псалмистот: „А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја.“ (Пс 72, 28) Кој верува во Исусовото присуство во Причеста ќе ја разбере Исусовата желба и ќе настојува да ја исполнува. (…)
Од својот евхаристиски престол Исус ги повикува сите кај себе: грешниците за да им прости, праведните за да ги обдари со уште поголеми благодатти; осамените, тажните, патниците за да ги утеши. На сите им вели: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.“ (Мт 11, 28).
Оние кои често доаѓаат кај Него и долго се задржуваат пред него им пружи посебна помош: брзо да напредуваат во светоста, да станат повеќе слични на Него, повеќе да го усвојуваат Неговиот дух кој ги води да се жртвуваат за мирот и единството на Црквата. Кој често и долго коленичи пред кивотот, многу собрано моли, многу побожно ја кажува Литургијата, многу побожно се причестува, многу совесно ја врши должноста, многу трпеливо ја поднесува тешкотијата многу повеќе прави за Црквата, за спас на душата.
Исус повикува, чека… но, често пати неблагодарните луѓе не го слушаат Неговиот глас. Колку светци нè заштитуваат. Тие часови и часови престојуваат пред кивотот. Свети Фрањо Салешки по напорната работа преку денот, цела ноќ поминувал пред олтарот на колена и така се одморал. Свети Е. Евмард молел често и долго пред оларот. Рекол: Кога би ја знаеле величината на дарот на Евхаристијата, би го поминале пред Исус целиот живот. Така и другите светци. Наследувај ги. Со Исус почесто и подолго. Нема покорисна работа во која можеш да го употребиш своето време од посетата на Исус и час обожавање. Ништо на смртта нема толку да нè утешува како помислата на времето кое сме го поминале пред олтарот.
Госпа Сињска/к.мк/Д.И.