Исус лекува секаква болест и немоќ

Исус лекува секаква болест и немоќ

Според Евангелието по Матеј 9,27-35 наменето за Седмата недела по Педесетница

Можеме да си ја замислиме ситуација кога мноштвото народ го опкружуваше Христа толку многу што не можеше да дојде до него. И пристпауваат двајца слепи луѓе кои извикуваат гласно кон Господа, барајќи од Него исцеление и милост. И преку нивниот плач Исус ги исцели.

Овој пасус е многу важен за нас. Бараме од Господ нешто, молиме, но кога не добиваме веднаш, се повлекуваме. Имаме проблем. Му кажавме на Бога за нашиот проблем, се помоливме, отидовме во црква, а потоа, наместо да бидеме упорни во нашето барање, напротив застануваме.

Преку примерот на овие слепи луѓе можеме да ја попримиме нивната упорност, истрајност, дури и тврдоглавост на нивната молитва. Честопати Бог не ни ја услишува молитвата веднаш, туку сака да ја види нашата упорност и вера. Затоа, упорно како овие слепи луѓе од евангелието, да го молиме Господ, а пристапувајќи му со вера, Господ секогаш ќе ни го даде она што е најдобро за нашето спаснеие.

Евангелието спомнува дека Исус изгонил бес од еден човек нем и бесомачен, кој бил доведен кај Исус. Тоа се случило најверојатно преку верата и молитвата на оние кои го донесоа тој човек кај Исус. Така Господ нѐ повикува и ние во напите молитви да донесуваме кај Него луѓе кои имаат потреба од исцелување, телесно и духовно.

Преку ова Евангелие Господ ни зборува дека тој и денес со своето Слово оди по градови и села и лекува секаква болест и немоќ. Но ти дали му пристапи, дали појде во храмот да го сретнеш, да му кажеш од што сакаш да те оздрави, од каква немоќ да те подигне. Сретни го и дозволи му да те допре.

Двајцата слепи прогледуваат духовно и може да ги препознаат делата кои Господ ги има направено во нивните животи. Немиот започнува да зборува и да го слави Господ за сите добрини кои му ги направи. Дали ние можеме да ги препознаме делата кои Господ ги направи и прави за нас, а сѐ со цел да нѐ спаси и воведе во вечен живот? Да му кажеме Да, Господи, веруваме дека можеш да ги промениш нашите животи.

к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот