Истражување: Религијата не очекува пад, туку пораст

Бројот на религиски неопределени луѓе расте во многу западни земји. Но, овој тренд ќе се преобрати и глобалното население во иднина ќе биде повеќе, а не помалку религиозно. Причината за тоа е едноставна: религиозните верници обично имаат повеќе деца – рече Конард Хакет, демограф при Pew – истражувачки центар во разговор за Catholic News Agency.

Оние делови во светот во кои верски неопределените луѓе не се застапени бележат најголем раст на населението – особено во Африка, но и Индија – рече Хакет. Неопределената популација е во пораст во некои земји, како што се Соединетите Американски Држави. Но, најголем дел од нерелигиозните луѓе се наоѓаат во Јапонија и другите земји каде што целото старо население не се заменува со ново. Поради тос се очекува намалување на делот на верски неопределените луѓе на глобално ниво – објасни демографот.

Хакет, меѓу другите, е еден од авторите на истражувањето „Идна големина на религиозно определеното и неопределеното население“ кое е објавено во април оваа година. Според неговите предвидувања – кои ги земаат во предвид факторите како што се:  верскиот состав на населението, разликата во стапката на наталитет, старосната структура и обрасците во менување на религиската исповед – бројот на неопределени луѓе во 2050 година ќе биде околу 13.2% од светското население – помалку од 2010 година кој е 16.4%.

Процентот на верски неопределените луѓе ќе се намалува во наредните декади затоа што нивниот нето пораст поради верските преобраќања ќе биде помал од стапката на наталитет меѓу младото религиозно население – пишува Хакет во истражувањето. Верски неопределените луѓе имаат и ниска плодност и стародобна структура. Затоа тој дел на населението ќе расте во Северна Америка и Европа, а ќе се намалува во густо населените области на пацифичка Азија.

Просечната жена која има одредена верска припадност е шест години помлада отколку жените без верско определување. Вкупната стапка на наталитет на религиски определените во период од 2010 до 2015 година е 2.59 деца по жена, додека онаа за жени без религиска припадност изнесува 1.65

Делот на населението без верска определеност може да се одржува во некои земји поради напуштање на верата меѓу припадниците на разни религии. На пример, во САД и во Франција, бројот на луѓе кои престануваат да се идентификуваат како христијани и се исповедуваат како неопределени е поголем од бројот на неопределени кои стануваат христијани.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот