Интервју на папата Фрањо: Црквата не расте преку прозелетизам, туку тогаш кога луѓето се привлечени од нејзиното послание
По повод првите 500 дена понтификат на папата Фрањо, аргентинскиот неделник „Вива“ во недела 27 јули ги објави првите детали од интервјуто со Светиот Отец направено пред неколку месеци.
Како што пренесува официјалниот ватикански интернет портал news.va, Папата во интервјуто проговори за многу теми, потсетувајќи се меѓу другото и на неговото детство, општествени прашања, како што е миграциата, а на читателите им ја откри и тајната за човечката среќа.
Римјаните имаат изрека која може да се земе како појдовна точка. Тие велат: ‘Campa e lascia campà’ … живеј и пушти ги другите да живеат“, рече Папата. „Тоа е првиот предуслов за мир и среќа“.
Се потсети и на аргентиснкиот роман „Дон Сегундо Собмра“, од авторот Ричард Гуаралдез. Во тој роман постои една прекрасна работа – човек кој го посматра својот живот наназад. Кога бил млад, бил како поток, кој носи сѐ пред себе, како расте човекот, станува како река, а во староста, го чувствува течението, но тоа е поспоро, потивко, рамансадо (‘remansado’). Токму тој шпански израз би го истакнал: рамансадо. Означува способност да се биде љубезен и понизен, за да се има мирен живот – рече Папата.
Исто ја истакна дека слободното време треба да се помине квалитетно, со читање, занимавање со уметност или играње со децата. За време на својот престој во Буенос Аирес, знаеше да ги праша младите мајки, колку често си играат со своите деца. Тоа е неочекувано прашање, вели Папата. „Тоа е тешко. Родителите одат на работа и доаѓаат дома кога децата веќе спијат“.
Говорејќи за неделата која треба да е ден за семејството, Папата се осврна на својата неодамнешна посета во Кампобаса, каде работниците одбија да работат во недела.
На младите луѓе, смета Папата, треба да им се овозможи да најдат работа, истакнувајќи дека недостатокот на перспектива може да доведе до зависнот од дроги, па дури и до самоубиства.
„Неодамна прочитав, но не гарантирам дека тоа е и научно потврдено, дека 75 милиони млади луѓе до 25 години немаат работа“, рече папата. „Младите би требало да се учат на практични знаења за да можат да го „заработат својот леб“.
Во интервјуто Светиот Отец се спомнува и на немилите настани и воените судири низ светот. „Војната уништува“, јасен е Папата.
Светиот Отец говореше и за оние луѓе кои се присилени да бегаат од војните и другите катастрофи, како и за тоа како многу земји не се благонаклонети кон бегалците. Истакна дека Европа ја избегнува таа тема, меѓутоа во „морето“ на лоша пракса ја издвои Шведска, која и покрај малата популација, за стотици илјади мигранти ги отвори своите врати.
Повтори дека Црквата не расте преку прозелетизам, туку тогаш кога луѓето се привлечени од нејзиното послание.
Запрашан од новинарите за можноста да ја добие Нобеловата награда за мир, папата Фрањо рече дека за тоа не размислувал, како и тоа дека добивањето признанија и докторати не е дел од неговото послание и служба.
Извор: Лаудато/ news.va
Превод: го*ко