Црквата „Свето Семејство“, единствената католичка парохиска црква во Појасот Газа, беше погодена од напад извршен утрово,17 јули 2025 година при што неколкумина е повредени, меѓу кои и парохискиот свештеник, отец Габриел Романели.
Според извештаите од Латинската патријаршија во Ерусалим, четири лица претрпеле тешки повреди. Некои од повредените се во сериозна опасност по живот, а меѓу нив е и парохискиот свештеник кој се здобил со полесни повреди.
Кардинал Пјербатиста Пицабала, латински патријарх на Ерусалим, во изјава за Ватикан њуз рече:
„Со сигурност знаеме дека нападот е од тенк, кој директно ја погоди црквата „Свето Семејство“, која припаѓа на Латинската католичка црква. Според информациите од Израелските одбранбени сили тврдат дека станува збор за грешка. Четири лица се сериозно повредени, од кои двајца се во многу критична состојба и нивниот живот е во голема опасност.“
„Има и други повредени, но нивната состојба е полесна, меѓу нив е и парохискиот свештеник, бидејќи сите беа во храмот во моментот на нападот.“
„Сè уште немаме целосна слика за настаните во Газа, бидејќи комуникацијата во регионот е отежната“, додаде патријархот, нагласувајќи дека ќе се обиде да обезбеди повеќе информации што е можно поскоро.
Отецот Габриел Романели моментално се наоѓа на лекарски третман поради лесните повреди што ги претрпел при нападот.
Латинската патријаршија во Ерусалим претходно објави официјално соопштение во кое потврди дека црквата „Свето Семејство“ била погодена. Во соопштението се наведува дека за сега нема потврдени жртви, но дека храмот претрпел материјална штета.
Според католичката новинска агенција SIR, во моментот црквата „Свето Семејство“ служи како засолниште за околу 500 раселени христијани.
Ватикан њуз/к.мк