Запознајте ја pro-life „Mrs. Universe“ која пораснала во згрижувачко семејство

Запознајте ја pro-life „Mrs. Universe“ која пораснала во згрижувачко семејство

Викторија Петерсен својата титула како Mrs. Universe ја користи за промовирање на згрижувањето и за движењето за живот.

Овогодинешната титула најубава Mrs. Universe ја доби млада жена која освојувајќи ја саканата титула изјави: „Слава на Бог во век и веков. Амин.“

Mrs. Universe е натпревар за мажена жена и нема возрасна граница за учество на натпреварот. Иако беше прекрасно да се види како Викторија Петерсен го слави Бог, нејзиниот pro-life став и личното искуство во системот за згрижување несомнено исто така ќе ги инспирира нејзините следбеници, јави Алатеија.

Петерсен на 15 години морала да направи избор кој ќе го насочи нејзиниот животот. Била во системот за згрижување од нејзните 12 години, а многумина во нејзината ситуација би забремениле или би тргнале по патот на злоупотребата на опојните дроги.

Петерсен сепак одлучила да ја вложи својата енергија во училишната работа и импресивните настапи на атлетската патека.

„Добивав навистина добри оценки и бев посветена на училиштето и на атлетиката. Сакав да научам што повеќе и знаев дека ако сум во спортот нема да се препуштам на дрогата. Видов како дрогата и алкохолот негативно влијаат на семејствата“, истакна Петерсен во едно интервју.

Верата и помошта од нејзиниот тренер Скот Вичман, Петерсен ја држеле на правиот пат. Четири пати освојувала медали на државното првенство во Охајо, а кога најпосле станала доволно стара за да излезе од системот на згрижување, Вичман ја примил во своето семејство и ѝ го дал своето презиме.

Благодарение на таа неверојатна поддршка и љубов, Петерсен засновала и сопствено семејство. Се омажила за Ское , станала маја, како и вдомила деца.

Петерсен како нова Mrs. Universe отворено прозборе за својот живот во системот за згрижување и дека абортусот не би требало да биде решение за трудниците чие дете би требало да оди со системот за згрижување. Всушност бара од pro-life лицата да ја пружат многу потребната поддршка на системот за згрижување затоа што нивната желба да помогнат на неродените би се покажала во пружењето љубов и водство на загрозените деца во потреба.

„Ако искрено ги сакаме другите несомнено мора да го избереме животот, и тоа не само во маршовите за живот и центрите за бремени, туку и во своите домови и во системите за згрижување,“ истакна Петресен.

ХКМ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва
Ознаки pro-life

За авторот