Пополнети сите места во Конгресот за посетата на Папата

Вашингтон со нетрпение го очекува папата Фрањо, кој од 22 до 27 септември 20015 година ќе ги посети за прв пат Соединетите Американски Држави. Доказ за тоа е фактот дека сите места на Капитол Хил, седиштето на американскиот конгрес, на кој Папата ќе се обрати на 24 септември, се пополнети.

Поради желбата на многу луѓе да присуствуваат на средбата со Папата, на 28 јули Претставничкиот дом одобри посебна норма „за тоа кој може да присуствува на настанот“,од Асошиед прес означена како „необичен потег“.

Во својот Долен Дом, седиштето на Американскиот конгрес има 440 постојани места наменети за 435 претставници и неколку членови без право на глас. Во посебни околности, како на пример при обраќање на претседателот, се додаваат околу сто додатни места за сенаторите и други заинтересирани категории.  Нормата од 28 јули исклучува токму некои од овие категории, како на пример поранешните членови на Конгресот.

За оние кои не можат да си обезбедат место внатре во Конгресот е инсталиран голем екран на западниот влез од зградата.

За време на својот престој во САД, кој е втора фаза од деветдневната апостолска посета на Куба и САД (19-27 септември), Папата Фрањо ќе ги посети градовите Вашингтон, Њујорк и Филаделфија. За време на посетата, освен посетата на Американскиот конгрес, Папата ќе ја предводи литургијата за канонизација на отец Хуниперо Сера, а ќе го посети и седиштето на ООН во Њујорк, Националниот меморијален музеј „Кота нула“, ќе предводи литургија на Медисон Сквер Гарден и ќе учествува на Светската средба на семејствата во Филаделфија.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот