Апел од Црквата во Мексико до американската администрација

Апел од Црквата во Мексико до американската администрација

Црквата во Мекиско ги повика американските власти на одговорно постапуавње со мигрантите од Средна Америка

Со обѕир на најавите на претседателот Доналд Трамп за масовни депортации на мигрантите без важечки документи, претседателот на Мексиканската епископска конференција, надбискупот Монтереј Роџелио Кабрера Лопез предупреди дека сите одлуки мора да го почитуваат достоинството на секој поединец.

Дневникот „Ла Џорнада“ во изданието до недела 14 јули го цитира надбискупот дека таа одлука на Трамп претставува тежок товар за мигрантските семејства. Тој изрази наде дека ќе се земе во обѕир фактот дека многу мигранти веќе со години работат во САД и ја потпомагаат американската држава. Исто така предупреди дека масовните депортации би имале негативни економски последици

Се проценува дека во САД живеат околу 11 милиони луѓе без важечки документи. Минатите години во неколку наврати се спроведени масовни депортации на илегалните мигранти, исто така и за време на администрацијата на претходникот на Трамп, демократот Барак Обама.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот