Во сабота, 31 октомври 2026 година, во Паљурци ќе се одржи завршното ходочестие за оваа година. Светата Литургија и молебенот ќе ги предводи Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх.
Молитвената средба започнува во 11.00 часот со Радосните Таинства на Светата Бројаница, а во 11.30 часот ќе следуваат Славните Таинства, по што ќе следуваат светата Литургија и молебен во чест на Богородица Утешителка Паљурска.. Во молитвата ќе се вклучат верници од повеќе парохии и места од Македонија.
Ходочестието се одржува на крајот од октомври, месец посветен на молитвата на Светата Бројаница, а ќе се моли за Црквата, семејствата, мирот во светот и за сите на кои им се потребни Божјата утеха и милост.
На завршното ходочестие се очекува да присуствуваат свештеници, чесни сестри, членови на црковните движења и верници од повеќе места во Македонија.
к.мк

