Епископот Стојанов служеше Света Литургија по повод првата годишнина од изборот на папата Лав XIV
Во петок, 8 мај 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, служеше Света Литургија во капелата во Епископската резиденција во Скопје, во знак на благодарност по повод првата годишнина од изборот на папата Лав XIV за Римски епископ и наследник на свети Петар.
За време на Светата Литургија, епископот Стојанов во молитвите го спомна Светиот Отец, молејќи за него, неговата Петрова служба и за целата Католичка црква.
Папата Лав XIV, роден како Роберт Френсис Превост, беше избран за 267. наследник на свети Петар на 8 мај 2025 година, на конклавата што започна на 7 мај истата година. Со изборот го зеде името Лав XIV, а неговиот прв поздрав од ложата на базиликата „Свети Петар“ беше повик за мир: „Мир со сите вас“.
к.мк

