На празникот Воскрсение Христово – Велигден, 24 април 2022 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица во сослужение на катедралниот парох о. Георги Трајков, о. Гоце Костов, Ристо Самарџиски и о. Атанас Сирачев, На светата Литургија претходеше Воскресна утрена во дворот на црквата со процесија околу Црквата.
Во својата проповед епископот Стојанов истакна дека Велигден е празник над празниците, Сонце на сите празници, основата и сигурноста на нашата вера исполнување на нашите човечки надежи, довршување на нашето спасение, целосна победа на животот над смртта, светлината над темнината, злото и гревот. Воскрена Богочовекот, ја победи смртта и гробот, да живее секој од нас додека го очекуваме не само денот на сигурната смрт, туку и денот на сигурната победа над смртта, денот на сопственото вскресение и новиот живот.
На крајот од својата проповед епископот Стојанов им го честита празникот Воскресение Христово на сите присутни на светата Литургија, семејствата на присутните, болните, оние кои се на брановите на Радио Марија, посакувајќи Христос да воскресне во секое срце, во секое семејство.
За време на свечената воскресна Литругија пееше Катедралниот хор под водство на сестра Тереза Стојкова. Од светата Литургија Радио Марија вршеше директен пренос.
к.мк