Епископот Стојанов присуствуваше на прогласувањето на новата Католичка eпархија во Србија
На 19 мај 2019 година во Руски Крстур (Војводина) е прогласена eпархијата „Свети Никола“.
Прв епархиски епископ е имeнуван досегашниот егзарх монс. д-р Георги Џуџар. После читањето на декретите од Светиот Отец Папата Фрањо за основање на новата епархија интронизацијата на новиот епарх ја изврши Неговата Еминенција Леонардо Кардинал Сандри, Префект на Конгрегацијата за Источни Цркви.
Верниците кои ја сочинуваат новата епархија се од различни националности – Русини, Украинци, Романци… и потикнуваат од три различни традиции: Ужгородската од 1646, Брестејската од 1596 и Романската од 1698 година.
На воздигањето на ова најмлада епархија во Европа присуствуваше и Н.В.П. д-р Киро Стојанов, кој на новиот епарх монс. д-р Георги Џуџар, на свештенството и верниците во Србија им посака Божји благослов и многу успех на Божјата нива.
Покрај бискупот Стојанов на овој свечен чин во Нови Сад и Руски Крстур присуствуваше и делагација на Сестрите Евхаристинки од Македонија, а ја предводеше Провинцијалната настојателка сестра Стефанија Георгиева.
к.мк/з.и.с