Епископите од САД во заштита на верската слобода

„Сведоштво за слободата“ е темата на претстојната кампања за верската слобода Fortnight for Freedom, на епископската конференција на САД, која од 2012 се одржува секоја година од 21 јуни – празникот на свети Томас Мор, заштитник на политичарите и свети Џон Фишер – до 4 јули празникот на Независноста.

Настанот е обележан со молитви, размислувања, катехези и различни манифестации, чија цел е да ја мобилизираат католичката заедница и да го привлечат вниманието на јавното мислење кон верската слобода, основен принцип, заштитен со Првиот амандман на Уставот на САД.

Меѓу настаните за овогодинешното издание на иницијативата се издвојува посебно Конференцијата за верската слобода, организирана од епархијата на Роквил Центар, која ќе се одржи на 27 јуни. Покрај тоа, оваа година верниците се повикани да размислуваат над животот и дејноста на 14 мажи и жени на верата од целиот свет, сведоци на вистинската слобода во Христа. Меѓу нив се блажениот Оскар Ромеро, свети Максимилијан Колбе, света Тереза енедета и светата Катерина Текакуита.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот