Во заедничкиот апел на Светскиот совет на Црквите, Светскиот лутерански сојуз, Светската заедница на реформирани Цркви, Светскиот совет на методистички Цркви и други црковни сојузи изразија загриженост заради тешката состојба на народот во Зимбабве и ја изрази својата солидарност.
Народот во таа земја во југоисточна Африка погодена од суша, рецесија и сега од пандемијата од коронавирусот, бара почитување на човековите права, сигурност и економска стабилност. Маса луѓе повеќе не се во состојба да заработат за живот; им се заканува глад, расте невработеноста, корупцијата и несигурноста, се истакнува во апелот. Иако пандемијата значително ја влоши состојбата во земјата се смета дека вистинската причина за корупцијата е непочитувањето на човековите права и неуспехот на владејачката структура.
Во апелот понатаму се осудува порастот на насилството и притисокот врз критичарите на власта. Посебно се прозива злоупотребата на политичките активисти и борците за човекови права особено сексуалното насилство над жените. Апсења на новинари и политички водачи е недозволиво се порачува во документот. (…)
Ватикан њуз/к.мк