Единствено што треба да се промени сме јас и ти.
Набљудувајќи ги актуелните случувањата околу нас, верувам дека списокот на работите кои би ги сакале да бидат поразлични, би бил подолг. Без разлика дали се работи за политичка, економска, социјална реалност или многу предизвици кои го заплискуваат нашето семејство. И добро е да сакаме работите да бидат подобри. Но, добро е да сакаме работите да бидат подобри. Но, размислувајќи за овој Божиќен пост, се присетив на едни силни зборови на света Мајка Тереза која го свртува погледот во целосно поразлична насока: Единствено што треба да се промени сме јас и ти.
Навистина, единствено што треба да се промени во светот сме вие и јас. Ако малку застанеме и размислиме, ќе препознаеме во својот живот многу ситуации во кои овие зборови се „овоплотиле“. Токму секогаш кога ја доживував и она најмала промена или придвижување кон подобро, тоа влијаеше на позитивните промени во нашето опкружување, во моето семејство, во мојот целокупен живот. Затоа овој Божиќен пост сакаб да размислувам токму за сето тоа што треба да го променам, што пречи за Исус да се роди во мене, во моето срце. А верувам дека на секој еден од нас списокот на промени и во оваа подрачје му е многу долг.
Ако ги погледнеме животите на светите старозаветни мажи и жени, лесно можеме да воочиме дека во опкружувањето во кое живееле не било ниту малку едноставно и не биле изземени од искушенијата и различни напади. Но она што на сите нас ни е заедничко, е живиот однос со Бога. Соработувале со Божјата благодат, ги прифаќале неговите упатства, живееле и го чувале Неговото Слово. Читајки редови од Стариот Завет секогаш повторно, речиси опипливо можам да го почувствувам тоа нивно дишење на вера, животниот став во кој апсолутно сè буквално зависи од секој збор кој излегува од Божјата уста.
Неодамна монс. Мауро Лонги објави еден вид на пророштво на свети Иван Павле II, во кое светецот ја објавува борбата која ќе се одвива помеѓу неверниците и верниците. Кажи им го ова на оние кои ќе ги сретнеш во Црвката во третиот милениум. Ја гледам Црквата погодена од смртна рана. Подлабока и поболна од оние во овој милениум. Се нарекува исламизација. Тие ќе ја преплават Европа. Вие, Црквата на третиот милениум, треба да ја прекинете инвазијата. Но не со оружје, туку со доследно живеење на верата. И навистина, доволно е да се погледне колку европски цивилизации денес се оддалечуваат од Бог. Резултатите се видливи во прифаќањето и промовирањето на уништувачките идеологии кои го уништуваат целокупниот човек, бракот, семејството и темелните антрополошки вистини за човекот. Духовната пустош и материјализмот се сѐ повидливи во самото славење на БОЖИЌ. Станува поважно што се пече во печките, што ќе се облече, отколку вистинската подготовка на душата за доаѓањето Христово.
Ако во центарот на самиот Божиќ е раѓањето на Детето, каква е таа подготовка за тој настан кога цивилизацијата која ги озаконува убиствата на неродените, дозволува контрацепциски средства, духовна мрзеливост и негрижа за духовната реалност? Каква е таа подготовка за раѓањето на Младиот Цар која ја имаме во Европа која од таканаречената политичка коректност ги брише крстовите од разгледниците, од споменикот на тој истиот свети Иван Павле II? Навистина, не ли е неверојатно пророштвото на Иван Павле II кое станува вистинско токму на неговиот споменик? Ваквата цивилизација е затворена за она најважното и најелементарното – за животот. Токму затоа е важно што порано да се сфати дека се случува нешто навистина опасно, разорно, уништувачко. И дека тоа што се случува е последица на отрфрлањето на Бог. Ако сега се вратиме на старозаветните текстови, не е тешко да се забележи дека ваквите ситуации му се случувале и на избраниот народ Божји, кој редовно за ваков отпад од верата трпел различни казни, секогаш со воспитен ефект.
Како секој од нас би можел да сфати што навистина значи да се отвори срцето за Господ, Тој да може да го исполни, промени, оживи, да престојува во него и преку него нашето целосно битие да може да биде слободно за делување во денешниот свет, ќе го разбреме Исусовите зборови дека ќе правиме поголеми дела од тие што Тој тогаш ги правел. Би ја разбрале Богородица која упорно нè повикува на обраќање на срцето, на молитва со срцето, на жив однос и предавање на Исус. Тогаш со гнасење би го отфрлиле секој грев, секоја млакост, секој компромис со духот на светот. Затоа што при секое отворено и навистина преобратено срце Бог може да направи чуда и во денешното време и свет.
Иако оваа време ни се чини дека можеби е со повеќе барања отколку порано на временската лента на историјата, читајќи го Светото Писмо, можеме да видеме дека секое време имало свои искушенија и тешкотии. И затоа немаме баш никакво оправдување. Затоа што секое време имало и свои милости и свои шанси. И оваа генерација има шанса. Пресвета Богородица упорно зборува за времето на милости и нè повикува сериозно да го сфатиме и да го искористиме за вистинско преобраќање на срцето. Ние денес имаме светохранилиште во центарот на секоја населба, понудена ни е светата Евхаристија секој ден и светите Тајни кои буквално ни се достапни кога и да посакаме. Тогаш во што е проблемот, ако не во нас самите? Зарем постои нешто што Бог не ни го оставил како оружје, како помош, храна и алат на патот кон светоста, во овој духовен бој?
Ете, тоа е она што го посакувам и вам и на себе си. Вистинското преобраќање во овој Божиќен пост. Дури тогаш и така ќе можеме да видеме дека ниту Ирод или Пилат не успеале да го запрат Божјиот план. Христијаните се на победничката страна! Христос воскресна! Затоа на овој Божиќ сакам да ставам настрана сè што не е важно и да го свртам моето срце кон Оној кој е важен, единствено важен! Сакам да го славам со целото срце кое навистина воскликнува кон Бог! А да би било тоа возможно, треба да се разоружиме од нашите одбрани, да ги тргнеме маските. Навистина, тоа не е воопшто тешко. Доволно е да се отвори срцето. Господ едвај чека да влезе во нас, токму такво какво што е, сиромашно, рането. Да молиме за таа милост. Тогаш во нашата средина ќе биде сѐ поразлично. Тогаш во нашите семејства ќе биде сѐ поразлично. Кога нешето срце, нашето семејство, нашата татковина и Европа повторно ќе станат витлеемски штали.
Крешимир Милетиќ/Гласник мира/к.мк
Таг: Божиќен пост адвент, Божиќен пост
Клучни зборови: