Духовни вежби на сестрите Евхаристинки

Од 1 до 7 јуни 2014 година, Генералниот викар на Скопската бискупија и директор на Македонски Каритас, монс. Антун Циримотиќ ги предводеше духовните вежби за сестрите Евхаристинки од провинцијата на Божјата провидност од Македонија.

Духовните вежби се одржаа во провинцијалната куќа на сестрите Евхаристинки во Скопје, а учествуваа петнаесет сестри на чело со провинцијалната настојателка, с. Стефанија Георгиева.

Монс. Циримотиќ истакна дека главна тематска целината на духовните вежби беше „сѐ што ни е дарувано, треба да го даруваме“. Божјото Слово во нас ни дава милост за послание за да можеме да живееме дарувајќи се, бидејќи кој сака да го запази својот живот, ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби заради Исус ќе го сочува, рече монсињор Циримотиќ.

Во саботата, на последниот ден од духовните вежби на сестрите им се приклучија скопскиот катедрален парох дон Давор Топиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов, богословот Спасе Спасов, како и сестрите од Дружбата Ќерки на Божјата љубов од хрватската провинција с. Хеладија Ќуриќ и с. Богдана Маркиќ.

Сестра Хеладија и с. Богдана, кои порано делуваа во Македонија имаа желба да ги посетат местата каде делуваа 14 години како мисионерки

К.мк/д.д.т.

Категорија: Македонија

За авторот