Oд 2 до 4 март 2018 година во Стар Дојран се одржа Духовна Средба во организација на Comunione e Liberazione (Заедништво и Ослободување).
Оваа духовна средба на учесници од повеќе земји од југо-источна Европа беше поделена во етапи:
- Разгледување на битните точки од книгата „На почетокот не беше така!“ ( All’inizio non fu così!)
- Дружење преку заедничко патување до Струмица и Радово
- Читање и рамислување на одбрани делови од проповедите и наговорите на Светиот Отец Папа Фрањо, при неговата посета на Перу и Чиле.
Во Струмица при посетата на Катедралниот храм учесниците на Духовната средба, беа пречекани од парохот протореј стафрофор. Горѓи Трајков, кој во кратки црти даде објаснување за црквата Успение на Пресвета Богородица и нејзиното воздигање во катедрала. Заедно со парохот гостите ги пречека и капеланот отец Ристо Самрџиски. Светата литутурија (на Иван Златоуст), ја предводеше и при таа прилика искажа пригодна проповед Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во сослужение со свештениците од Струмица и отец Зоран И. Стојанов и отец Грегорио Фортуна од Романија, а присуствуваа и Сестрите Евхаристинки од Струмица.
Претходно во Струмица сите учесници ја посетија и новата парохија „Раѓање на свети Иван Крстител“, при што беа дочекани од отец Гоце Костов, кој ги поздрави и запозна со новоизградената црква и парохија, со нагласок на важноста на храмот Свети Иван Крстител во пасторалниот живот во овој дел на градот и пошироко.
После Струмица беше посетата на Радово, каде се запознаа со црквата Свети Пророк Илија и во кратки црти со историјата за бежанците.
Овогодишната духовна средба на учесници од повеќе земји од југо-источна Европа беше јубилејна десетта.
к.мк/Наталија Стојанова