Папата во малолетничкиот затвор: Бог не гледа етикети и предрасуди, туку деца

Папата во малолетничкиот затвор: Бог не гледа етикети и предрасуди, туку деца

Традиционалната покорничка богослужба за Светскиот ден на млади прв пат е служена во затвор, во малолетничкиот затвор „Лас Гарсас де Пакора“. Суштината на средбата на папата Фрањо со младите затвореници на вториот ден од престојот на Папата во таа земја се гледаше и преку нивните погледи.

Погледи го карактеризираат и делот од Евангелието според Лука во кој се опишува соблазната на фарисеите и книжниците заради однесувањето на Исус. Коментирајќи го во проповедта, Светиот Отец потсети дека додека тие се ограничуваат само на мрморење, Исус ги „прима грешниците и јаде со нив.“ Станува збор за две перспективи кои се спротивставуваат. Од една страна стерилен и некорисен поглед – мрморење и озборување – а од друга Господовиот поглед кој повикува на преобразба и преобраќање.

Ѕидови и етикети

Исус избрал да биде блиску и да понуди нови можности – објасни Папата и додаде, меѓутоа изгледа дека е полесно е да се даваат називи и етикети кои го замрзнуваат и стигматизираат не само минатото, туку и сегашноста и иднината на луѓето. Етикети кои на крајот не создаваат ништо друго освен поделби на добри и лоши; на праведни и грешници. Но, секој од нас е многу повеќе од своите етикети – рече Папата. Таквото однесување расипува сè затоа што подигнува невидлив ѕид кој го поттикнува мислењето дека со маргинализирање, одвојување и изолирање на чудесен начин ќе се решат сите проблеми – истакна Папата и предупреди, силно нè радува да им даваме обележја на луѓето; но таа култура на обележување ја дискредитира личноста.

Поглед на преобраќање

Целото Евангелие напротив е обележано со друг поглед, со таквиот кој се раѓа од Божјото срце. Бог никогаш нè не напушта, а Господовата љубов – објасни Папата – е љубов која ја презема на себе сложеноста на животот и секоја ситуација. Тоа е љубов која е способна да ги пронајде патишта и да понуди можности за интеграција и промена, можности за оздравување, простување, спасение. Исус го прекинува и внатрешното мрморење кое се јавува во оној кој откако го оплакал својот грев, и свесен за сопствените грешки не верува дека може да се промени – рече Папата и силно поттикна, отворете го прозорецот на срцето и свртете го погледот кон Него.

Болни општества и плодни општества

Истакнувајќи потоа дека на мрморењето и осудата треба да се спротивставуваме со вклучување и интеграција, Папата истакна дека општеството се разболува кога не е способно да се радува заради длабоките промени на своите деца; заедницата се разболува кога се препушта на мрморењето кое безчувствително уништува и осудува. Општеството е плодно кога знае да пронајде динамика која може да вклучи и интегрира, да презеде одговорност и да се бори за создавање на можности и алтернативи кои ќе дадат нови можности на неговите деца, кога се зазема во создавањето на иднината преку заедништвото, образованието и работатата – истакна Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот