Во просториите на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала во четврток 30 декември 2021 година се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која присуствуваше Н.В.П. монс. Киро Стојанов и свештеници од епархијата.
Духовната обнова ја предводеше о. Спасо Ристов, парох во Нова Маала, кој се осврна на темата „Екуменизмот во светло на Седмицата за христијанско единство“. По завршувањето на предавањето следуваше дискусија, во која беше истакната важноста на екуменското ангажирање дијалог.
Средбата продолжи со можност за света Исповед и света Литургија предводена од епископот Стојанов, а заврши со краток состанок, на кој се разговараше за напредокот на синодалниот од.
к.мк