Во вторник 27 декември 2016 година во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На средбата присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.
На духовната обнова наговор одржа о. Ванчо Назов, капелан во Нова Маала и Чанаклија на тема: „Молитвата во секојдневието на свештеникот, во Година на Молитвата“.
Средбата на свештениците од Апостолскиот егазархат продолжи со можност за света Исповед, света Литургија и заедништво во просториите на парохијата.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк