Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 8 декември 2023 година, на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, објави дека Светиот Отец го прифати повлекувањето на бискупот Фрањо Комарица од пасторалното управување на Бањолучката бискупија, а за нов Бањолучки бискуп го именува дон Жељко Мајиќ, свештеник на Мостарско-дуванската бискупија.
Дон Жељко Мајиќ е роден во Дриновци на 28 март 1963 година. Филозофски и теолошки студии завршува во Сараево, а за свештеник на Мостарско-дуванската бискупија е ракоположен на 29 јуни 1988 година во мостарската катедрала Марија Мајка на Црквата од бискупот Паво Жаниќ. Постдипломските студии по пасторална теологија ги завршува во Рим во јуни 1995 година на Папскиот Латерански универзитет, со престој во Меѓународниот завод Свети Павле.
По враќањето од студиите извршува повеќе пасторални служби во Херцеговина, а како заменик ректор на Папскиот хрватски институт Свети Јероним во Рим е именуван на 17 јуни 2006 година. За време на неговата шестгодишна служба, собирајќи ги хрватските студенти во Рим, подготви четири антологии на нивните трудови – последните три ги уреди заедно со д-р Дон Божо Голуж.
Во 2011 година е објавена неговата брошура размислувања „Оче, прости ни!“, а го подготви во соработка со 30-тина свештеници од Херцеговина и „Водич низ годината на верата: Семејството – жариште на верата“. Во 2012 година е именуван за генерален викар на Мостарско-дуванската и Требињско – мрканска бискупија, а од 2019 година е директор на Каритас на Мостарско-дуванската и Требињско – мрканска бискупија.
Ватикан њуз/к.мк