Добриот Самарјанец ни го открива таинството на Христос

Добриот Самарјанец ни го открива таинството на Христос

Грижа за ранетите, како што тоа го направи Добриот Самарјанец – е поттикот на папата Фрањо во проповедта за време на светата Литургија на 9 октомври 2017 година во домот Света Марта, во Ватикан.

Да се помогне на оние во потреба, како што тоа го направил и самиот Христос Кој не поминал и си заминал, туку „и понатаму плаќа“ за нас, за да ни даде живот.

Размислувањето на Папата се темели на денешниот дел од Евангелието, во кое Исус ја раскажува параболата за милосрдниот Самарјанец, кој – за разлика од свештеникот и левитот – застанува и му помага на човекот кој го нападнале разбојници и смртно го раниле.

Параболата за добриот Самарјанин е одговорот кој Исус го дава на учителот на законот, кој сака да го искушува, прашувајќи го што треба да направи за да постигне живот вечен. Исус му укажува на заповедите дека треба да го љуби Бог и ближниот, законикот не знаел да излезе од малата замка која Исус му ја поставил и го прашува кој би бил негов ближен.

И тогаш Исус му одговара со ова споредба во која има шест фактори: разбојниците, ранетиот човек, свештеникот, левитот, гостилничарот и Самарјанецот, односно поганинот кој не е од еврејскиот народ. Христос секогаш одговара на „повисок“ начин, истакнува папата Фрањо. Во овој случај и во оваа парабола сака да го објасни сопственото таинство – „Исусовата мистерија.“

Вака Папата го опишува честото однесување. Крадците си заминале среќни бидејќи го ограбиле човекот и му земале „многу добри работи“ и не им било грижа за неговиот живот. Свештеникот „кој би требало да биде Божји човек“ и левитот кој е добар познавач на законот, поминале покрај ранетиот кој речиси бил на крајот од животот:

„Меѓу нас е многу вообичаено однесувањето: да се гледа несреќата, да се видат лошите работи и да се помине покрај нив. И тогаш да прочитаме за нив во весниците, кои одат по скандалите или за сензационализам. Наместо тоа, овој поганин, грешник кој бил на пат: „го видел тоа и не поминал понатаму: се сочувствувал.“ И евангелистот Лука добро опишува: Го виде, бил сочувствителен, дошол до него и не поминал: му приоѓа. Му ги преврзува раните! Му ги полева со елеј и вино.“ Но, не го оставил таму: не кажал – го направив своето – заминувам – не.“

Потоа го носи во гостилница и се погрижува за него, но следниот ден морајќи да замине по својата работа, му платил на гостилничарот за да му помогне на ранетиот човек, велејќи му дека она што ќе го потроши повеќе од тоа, „од тие два денари“, дека ќе му плати на враќање.

Тоа е „таинството на Христос“, кој стана слуга, се негираше самиот себе и умре за нас. Исус „не поминал покрај нас и заминал понатаму; не си заминал од нас, ранети на смрт, се погрижил за нас, платил и продолжува да плаќа“ за нас и „ќе плати кога ќе дојде по втор пат.“ Со ова таинство Исус му одговара на законикот кој сакал да го искушува. Исус е добриот Самарјанец и го повикува човекот да го прави истото. „Тоа не е приказна за деца“ – ги предупреди Папата собраните верниците, туку тоа е „таинството Исус Христос.“

„И набљудувајќи ја ова парабола, ќе ја сфатиме длабочината и ширината на таинството на Исус Христос. Законикот си заминал молчејќи, полн со срам, не разбирал. Не го разбрал Христовото таинство. Можеби ќе го сфати човечкото начело кое ни помага да го разбереме Христовото таинство, дека секој човек треба да го гледа другиот човек одозгора, единствено тогаш кога треба да му помогне да се дигне. А ако некој тоа го прави, на добар пат е и на вистинската улица кон Исус.“

Папата исто така се осврна на гостилничарот кој „не разбира ништо“, но чувствува „стравопочит“ кон средбата со некој кој направил работи за кои никогаш не слушнал дека можат да се направат, вели Папата, дека тоа всушност е восхит за гостилничарот, „средба со Исус“. Затоа папата Фрањо поттикнува читање на овој дел од Евангелието и поставува неколку прашања:

„Што работам? Дали сум крадец, измамник, корумпиран? Дали сум свештеник кој гледа, гледа од другата страна и поминува понатаму? Или католички водач, кој го прави истото? Или само грешник? Еден од оние кои треба да бидат осуден за своите гревови? Или се приближувам, станувам ближен, се грижам за оној кој е во потреба? Што правам пред толку рани, толку луѓе кои се ранети и со кои се среќавам секојдневно? Правам ли како Исус? Работам ли како слуга? Добро е вака да се размислува, читајќи и повторно набљудувајќи го овој дел. Но, овде се покажува мистеријата на Исус Христос, рече Папата и потврди уште еднаш дека Он дојде заради нас грешниците за да нè оздрави и да ни го даде својот живот за нас.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот