Доаѓањето на папата Фрањо на Лампедусa значи дека тој гледа со срцето
Агригент, 3.7.2013 /к.мк/ – Веста за претстојната посета на Папата на островот Лампедуса, како од локалната Црква, така и од населението е дочекана со огромна радост.
Одлуката на папата Фрањо да го посети италијанскиот остров Лампедусa во понеделник 8 јули, го поздрави сицилијанскиот архиепископот Франческо Монтенегро.
Островот Лампедусa е оддалечен 115 километри од брегот на Тунис, па му е поблиску отколку Сицилија, а во последните две години, посебно во летниот период, стана прво прибежиште за десетици илјади Африканци кои бегаат од војната, насилството и сиромаштијата.
„Лампедуса е мост со африканскиот континент и не може да се преправаме дека го нема. Забележав дека Светиот Отец внимателно следи што се случува тука и затоа го поканив да дојде“, рече монсињор Монтенегро додавајќи дека Папата со своето доаѓање не ги посетува само бегалците туку и жителите на островот кои прават сè што можат за да би им помогнале на бегалците кои често доаѓаат во обични чамци, без ништо. Бројни се и несреќите, па голем број од нив за жал страдаат во морето обидувајќи се да дојдат до подобар живот.
„Изгледа дека бројот на загинати никого не го интересира поради бојата на кожата, толкава е рамнодушноста. Населувањето не е проблем и мораме да престанеме да го користиме тој израз. Работите се едноставно такви. Денес ќе дојдат можеби десет, можеби стотина, а можеби и илјада и сите тие сакаат да живеат“, истакна монсињор Монтенегро.
Иако е објавена службената програма на патувањето, папата Фрањо не сака од сето тоа да се прави медиумска сензација.
„Тој сака едноставно да дојде како обичен епископ кој внимава на своите луѓе гледајќи ги со срцето и мислам дека е тоа вистинска поука“, заклучи монсињор Монтенегро.
(Д.И.)