Директорот на Радио Марија го прими во посета г-дин Харолд Фугер

Директорот на Радио Марија го прими во посета г-дин Харолд Фугер

Директорот на Радио Марија о. Гоце Костов на 29 септември 2021 година во просториите на радиото во Струмица го прими во посета аташе, претставник на Федералното Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија г-дин Харолд Фугер, придружуван од Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас.

Во пријатна и срдечна атмосфера о. Гоце Костов ги разгледаа просториите на радиото и го запозна гостинот со почетоците на Радио Марија на овие простори, условите за работа, програмската шема, како и за придонесот на медиумите за развојот на општеството и зачувување на вредностите. Меѓу другото разгледани се и можностите за соработка.

Средбата заврши со посета на парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица и парохиската сала во склоп на црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот