Македонски Каритас со помош за настраданите од невремето

Во големото невреме кое го зафати Скопје во сабота вечерта, 6 август 2016 година, загинаа над дваесет луѓе. Невремото нанесе и голема материјална штета, оштетени се домови, улици, автомобили…

Македонски Каритас, во неделата интервенираше со делење сува облека во населбите кои се најмногу погодени од поплавите, а во понеделник 8 август Каритас во Стајковци испорача млеко и облека во прифатниот центар, кој е сместен во училиштето, од каде помошта се распределува на настраданото население.

Светата Литургија во Скопската катедрала во недела 7 авуст ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, а верниците во молитвите се спомнаа на оние кои ги загубија животите, како и оние кои се директно погодени од ова невреме.

к.мк/Д.П.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот