Директорката на Комисијата за верските заедници во посета на Радио Марија Македонија
Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во Република Македонија д-р Валентина Божинковска на 9 јуни 2016 година ги посети просториите на Радио Марија Македонија. Таа беше примена од директорот на радиото монс. Антун Циримотиќ, претседателката на Здружението „Радио Марија Македонија“ Катица Трајковска Абјаниќ, заедно со вработените. Освен запознавањето со постоењето и програмата на ова религиозно интернет радио, целта нa посетата беше и запознавање со долгогодишниот проблем за добивање на ФМ фреквенција.
Божиновска изрази заинтересираност за постоењето на ова радио, и како директорка на Комисијата ја искажа својата поддршка во барањето на ФМ фреквенција, истакнувајќи ја потребата од постоење на ваков вид радио со духовна содржина.
Радио Марија Македонија е дел од „Светското семејство на Радио Марија“, а својата програма ја емитува од 8 декември 2014 година. Емитува 24 часовна програма со духовни, образовни, културни, социјални и уметнички содржини. Радиото преставува мост меѓу заедниците кои ги споделуваат христијанските вредности, како и меѓу различните етнички заедници. Програмата се емитува на веб страната www.radiomaria.mk.
к.мк