Децата од Нова Маала на еднодневна прошетка

Децата од Нова Маала на еднодневна прошетка

Во саботата на 1 октомври 2022 година, после првата седмица од веронауката, деца од основното образование од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала, во придружба на парохот отец Ѓорги Динов и сестрите Евхаристинки, беа на еднодневна прошетка и видоа дел од убавините на планината Беласица.

После убавото доживување и свежиот воздух кој го дава Колешинскиот водопад, тие се упатија кон Мокринските извори каде што молеа и се ставија под заштита на Пресвета Дева Марија.  На патот за дома ги посетија парохиите „Свети Пророк Илија“ – Радово, каде што топло беа примени од парохот о. Илија Стојанов и запалија свеќа пред Марија од Назарет правјќи срце и принесувајќи ги своите накани пред света Дева Марија.

За да се видат барем дел од убавите католички цркви тие ја посетија и црквата во Петралинци „Свети Кирил и Методиј“, каде што пееја песна посветена на Дева Марија. Заблагодарувајќи му се на парохот о. Горге Покјразов тие задоволни и исполнети се упатија кон своето родно место Нова Маала.

Сите искажаа една исполнетост и благодарност кон Бога за овој убав прекрасен ден.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот