Десет правила на папата Иван XXIII за секој ден
Дадени ми се дванаесет часа за да правам добро…
- Само денес ќе се трудам да го проживеам денот не сакајќи да ги решам проблемите на својот живот оддеднаш.
- Само денес ќе пазам со најголемо внимание на своите постапки: елегантен во однесувањето, никој нема да критикувам; другите нема да ги поправам, туку само себе.
- Само денес ќе бидам среќен, бидејќи сум сигурен дека сум создаден за среќа, не само на другиот туку и на овој свет.
- Само денес ќе се прилагодам на околностите, не барајќи тие да се прилагодат на моите желби.
- Само денес ќе посветам пет минути на добро читање; како што храната е неопходна за телото, така доброто четиво е важно за животот на душата.
- Само денес ќе направам добро дело, а тоа на никој да не го кажам.
- Само денес ќе направам нешто што инаку не го правам со задоволство: ако во мислите почувствувам дека сум повреден, ќе се трудам тоа никој да не го забележи.
- Само денес ќе направам точен распоред: можеби нема точно да се држам, но ќе го направам. Ќе избегнам две зла: брзање и неодлучност.
- Само денес ќе верувам – дури и ако околностите го покажат спротивното – дека добронамерната Божја промисла се грижи за мене како што никој друг нема на светот.
- Само денес нема да стравувам. Посебно нема да се плашам, ќе се радувам на сè што е убаво и ќе верувам во доброто.
Дадени ми се дванаесет часа за да правам добро: би можело да обесхрабри помислата дека тоа морам да го правам цел живот.
Лаудато/Д.И.