Денешната порака е јасна: Избери помеѓу Исус и светот
Пред молитвата Ангел Господов на 18 септември 2016 година папата Фрањо го толкуваше Евангелието според Лука и параболата за несправедливиот настојник размислувајќи за двата начина на живот: световниот и евангелскиот живот.
Настојникот во Евангелието е обвинет дека лошо раководи и пред господарот да го отпушти, лукаво се обидува да ги придобие за себе сите должници, простувајќи им дел од долгот, за да си ја обезбеди иднината. Папата порача дека не треба да се следат неговите постапки, туку да се промислува за неговата лукавост и снаодливост.
Папата истакна дека христијаните се повикани на одредена лукавост – но не световна, туку она даруваната од Светиот Дух. Световноста се покажува „во ставот на расипаност, измами, угнетување како пријатен но целосно погрешен пат, пат на гревот“, истакна Папата. Напротив Духот на Евангелието бара сериозен и зафатен живот, сериозен – но радосен, обележан со почит, праведност, почитување на другите и нивните достоинства и чувство за одговорност!“
Пред христијанинот се само два пата. Светиот Отец објаснува дека можеме да избираме само „помеѓу почитувањето и непочитувањето, верноста и неверството, егоизамот и алтруизмот, доброто и злото. Не може да се вибрира помеѓу двата пата затоа што тие меѓусебно се спротивставени. Пророкот Илија му зборувал на Израелскиот народ кој одел по две патеки: Вие куцате на двете нозе… Важно е да се одлучи по кој пат да се тргне и потоа во вистинската насока да се оди одлучно и храбро препуштајќи се на Господовите благодати и помошта од неговиот Дух, нагласи Папата. Завршетокот на Евангелието е силно и категорично: „Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.“ (ред 13)
Денешната порака е јасна: да се избира помеѓу Исус и светот, „помеѓу логиката на расипаност и алчност и логиката на исправност и споделување.“ Папата предупреди дека расипаноста и корупцијата се како дрога: човекот не може да престане кога ќе посака затоа што по патот малку по малку ја загубил слободата. „Корупцијата создава навика, раѓа сиромаштво, искористување, страдање. Ако пак се трудиме да ја следиме евангелската логика на интегритет, јасност на намерите и постапките и братството стануваме создатели на праведноста, ги отвораме хоризонтите на надеж за човештвото. Преку безусловното дарување за браќата му служиме на праведниот господар – Бог“, заврши Папата.
По катехезата Светиот Отец потсети на беатификацијата на Елисабете Сана мајка и вдовица посветена на молитвата и служењето на болните и сиромашните. Упати поздрав и до учесниците на Националниот Евхаристиски конгрес во Џенова. Посебен акцент Светиот Отец стави на започнатата Асишка меѓурелигиска средба повикувајќи ја целата Црква во вторник на 20 септември – секој според своите можности – на молитва за мир во светот.
РВ /к.мк