На 14 мај, Движењето на Фоколарите од Македонија се приклучи на иницијативата која ја најави папа Фрањо: Ден на молитва, пост и милосрдни дела за да го молиме Бог да помогне на човештвото да ја преброди пандемијата со коронавирусот. Преку видео конференција на апликацијата зум, претставници од различни места од Македонија, христијани и муслимани се поврзаа со заедницата во Босна и Херцеговина. Во едночасовна радосна онлајн дружба се разменија искуства, настојувања, молитви и песни.
На Денот на меѓу верската молитва, 14 мај, Високиот одбор за човечко братство нѐ потсетува дека моменталната пандемија означи точка без враќање: се спасуваме само гледајќи за општото добро, не добро за еден или друг, не интереси за една или друга страна, туку добро за сите, со овие зборови претседателката на Движењето на Фоколарите, Марија Воче го најави целосното придружување на Движењето ширум светот на денот на молитва за човештвото. „Сигурни сме дека молитвите што ќе бидат упатени кон Бог од неговите синови и ќерки ќе бидат услишани за добро на големото човечко семејство и дека искушението низ кое сите поминуваме ќе нѐ зацврсти на заедничкото ходочастие на животот.“
к.мк