Декрет на Светиот Стол за именувањето на Апостолскиот егзарх Киро Стојанов за Епархиски епископ на струмичко-скопската епархија

Декрет на Светиот Стол за именувањето на Апостолскиот егзарх Киро Стојанов за Епархиски епископ на струмичко-скопската епархија

Франциск, епископ, слуга на слугите Божји:

На почитуваниот брат Киро Стојанов, досегашен Апостолски егзарх на Македонија, првиот избран епархиски епископ на Струмичко-скопската епархија Успение на Пресвета Богородица, поздрав и апостолски благослов! Уважувајќи го примерот на мајчината љубов на Мајка Божја, според која сите ние треба да учествуваме во апостолското послание на Црквата (сп. Lumen gentium бр. 65) со оваа наша апостолска грижа со задоволство преземаме тоа што е примерно во служењето за доброто на Црквата и настојуваме да воспоставиме она што поттикнува напредок за Христовите верници. Поради тоа, грижливо одмерувајќи го она што би било добро за паствата на Струмичко скопската епархија Успение на Пресвета Богородица, која на денешен ден е воздигната од положајот на егзархатот според Конституцијата Dominum magnificat, итно ставаме Пастир кој ќе се грижи за духовниот напредок на оваа заедница. Затоа, не сметаме ништо поприкладно туку да на таа служба те именуиваме тебе кој веќе покажа грижа за духовните потреби за верниците од византиски обред во Македонија и се покажа примерен за извршување на таа задача. Следствено на тоа, уважувајќи го предлогот на нашиот почитуван брат Префект на Конгрегацијата на Источните цркви и Меѓународната епископска конференција св. Кирил и Методиј, те разрешуваме од службата Апостолски егзарх и те назначуваме за прв епархиски епископ на неодамна воспоставената Епархија струмичко-скопска Успение на Пресвета Богородица, при тоа доделувајќи ти неопходни права и соодветни обврски, според нормите на Кодексот на каноните на Источните Цркви.

Бараме за оваа наша одредба да го известите клерот и народот на оваа заедница. Сите нив ги поттикнуваме дека, по застапништвото на Преблажената Мајка Божја, под твое водство, издржат во вистинската побожност и напредуваат во вистинската вера, а таа не поттикнува да ги наследуваме крепостите на нашата Мајка кон ближните, бидејќи е залог на сигурна надеж и утеха на патничкиот Божји народ.

Издадено во Рим при гробот на Св. Петар, на триесет и првиот ден од месец мај, во летото Господово две илјади и осумнаесетто, во шестата година од нашиот понтификат.

Франциск

Франко Пива, апостолски пронотар

Категорија: Вести, Македонија

За авторот