Светиот евангелист Лука е опишан како „лекар“ и во своето Евангелие користи медицински термини. Заслужен за пишување на едно од четирите евангелија. Свети Лука често e претставен како заштитник на лекарите и медицинските лица.
Која е причината?
Традиционално се верува дека Свети Лука е „лекар“, според праксата на медицината во тоа време.
Католичката енциклопедија нуди краток преглед кон ова: По занимање бил лекар, а свети Павле во посланието до Колосјаните 4,14 пишува: „Ве поздравува Лука, возљубениот лекар.“ Ова именување значи дека е со некое образование, а неговото медицинско познавање се потврдува со употребата на медицински речник. Плумер сугерира дека можеби студирал медицина на познатата школа во Тарс, конкуренција на Александрија и Атина, каде што можеби се сретнал со свети Павле. Според неговото добро знаење за источниот Медитеран, се претпоставува дека тој имал долгогодишно искуство како лекар на некој брод. Ја искористил можноста да испрати поздрави до Колосјаните, според што може да се заклучи дека ги има посетено.
Книгата „Лука лекар“ од почетокот на 20 век дополнително ја илустрира оваа точка.
Дијагнозата која ја дава Лука во Делата на светите апостоли 28,8 во кое се вели дека таткото на Поплиј страдал од треска и болки во стомакот се медицински точни и може да се добијат од медицинската литература. Покрај тоа, може да се заклучи со голема веројатност од Делата на светите апостоли 28,9 дека самиот автор бил лекар во Малта.
Постојат и други примери кои покажуваат невообичаено познавање на медицинската терминологија во тоа време, поради што многу библичари заклучуваат дека свети Лука најверојатно бил лекар. (…)
Ова пред сè го потврдува свети Лука како одличен модел за сите оние кои се во медицинска професија и е нивен голем застапник во небото.
Католички одговори/к.мк