Безгрешно Срце Мариино

Безгрешно Срце Мариино

Света Богородица од Фатима на Луција ѝ ги рекла овие зборови: „Моето Безгрешно Срце ќе биде твое засолниште и пат по кое ќе те одведе до Бога.“

Пресвета Богородица ни го дава своето Срце како засолниште, и чинот на посветеноста кон нејзиното Срце како средство за спречување на злото. Да се препуштиме на пламенот од љубовта на нејзиното Срце, за да триумфира тоа во нас и да ги освои сите човечки срца.

Посветна молитва на Безгрешното Срце Мариино

Пресвета Дево Маријо, Мајко и царице моја, на Твоето безгрешно Срце ти го посветувам и го предавам целото свое битие: своите мисли, зборови и дела. Управувај со мене и со сѐ што ми припаѓа сега и во вечноста, на благодарност и слава на Пресветата Троица, за посветувањето на Црквата и за спасението на целиот свет. Безгрешна моја Мајко, помогни ми достојно да го живеам крштелното посветување дека неотповикливо му припаѓам на својот Откупител. Дај ми како Тебе да го слушам поттикот на Светиот Дух. Во мене, и преку мене секогаш и во сѐ нека се извршува волјата Божја. Амин.

Битно.нет/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот