Да се преобратиме од идејата дека не ни треба преобраќање

По молитвата Ангел Господов Светиот Отец рече дека многу внимателно ја следи работата на конференцијата за клима во Париз и повика на молитва за нејзин успех. Исто така посети на 50 годишнината на средбата кога Павле VI и Атенагора го одземаа меѓусебните екскомуникации од 1054 година.

Ако Господ Исус ни го променил живот како тогаш можеме да не бидеме желни да Го запознаат и другите луѓе – праша Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов на 6 декември. Коментирајќи го повикот на свети Иван Крстител за преобраќање, нагласи дека тој не важи само за неверниците, туку и за христијаните. Токму од таа претпоставка треба да се преобратиме – претпоставката дека со нас сè е добро и дека не ни треба никакво преобраќање.

Затоа Светиот Отец поттикна да се запрашаме: дали ги имаме во разните животни ситуации истите чувства како и Исус? На пример кога поднесуваме некоја неправда или навреда, успеваме ли да реагираме без непријателство и од срце да му простиме на оној кој моли за прошка? Знаеме ли искрено да плачеме со оној кој плаче и да се радуваме со оној кој се радува? Кога треба да ја изразиме својата вера знаеме ли тоа да го направиме храбро и едноставно, не срамејќи се од Евангелието? – праша Папата додавајќи: Не е со нас сè во ред; треба секогаш да се преобраќаме.

Бог постојано речиси тврдоглаво ни нуди спасение, затоа што сите сака да нè ослободи од ропството на гревот. Никој не е исклучен од повикот да го прифати спасението. Никој не може да каже: „Јас сум светец, јас сум совршен, јас сум веќе спасен.“ Секогаш треба да ја прифаќаме таа понуда за спасение – рече Папата, укажувајќи на Годината на милосрдието во која што треба ние на тој пат да напредуваме.

Заради тоа секој од нас е повикан да запознае со Исус човек кој сè уште не Го познава. Тоа не е прозителизам, туку отворање на вратата – рече наведувајќи ги зборовите на свети Павле: Тешко мене ако не го навестувам Евангелието. Ако се свртиме околу себе – продолжи Папата – ќе пронајдеме луѓе кои би биле отворени да појдат или да се вратат на патот на верата, само кога би сретнале христијани кои се заљубени во Исус. Нели треба или би можеле ние да бидеме тие христијани – праша додавајќи: да бидеме храбри, да ги израмниме ридовите на горделивоста и ривалството, да ги исполниме долините кои се ископале од рамнодушноста и апатијата, да ги израмниме патиштата на својата мрзеливост и своите компромиси.

По молитвата Ангел Господов Светиот Отец рече дека многу внимателно ја следи работата на конференцијата за климата во Париз и го повтори прашањето од својата енциклика Laudato si’ каков свет сакаме да предадеме на оние кои доаѓаат после нас, децата кои растат?“ Заради доброто на заедничкиот дом, на сите нас и на идните генерации во Париз треба да се преземат сите напори за да се ограничат ефектите од климатските промени и истовремено борба против сиромаштвото и поддршка на човековото достоинство. Тие два избора одат заедно – рече Папата поттикнувајќи: Да молиме Светиот Дух да ги просветли оние кои се повикани да донесуваат толку важни одлуки и да им се даде храброст како мерка за изборот секогаш да го имаат најголемото добро за целото човечко семејство.

Потсети дека на 7 декември се одбележува педесетгодишнината откако папата Павле VI и патријархот Атенагора ја повлекоа меѓусебната екскумуникација на Римската и Цариградската Црква од 1054 година. Навистина е провидност тој историски гест на помирување да се одбележува токму во пресрет на Јубилејот на милосрдието. Нема веродостојно одење кон единството без барање прошка за гревот на поделеноста како од Бог така и едни од други. Да се сетиме во своите молитви на драгиот екуменски патријарх Вартоломеј и на другите поглавари на православните Цркви и да го молиме Господ односите помеѓу католиците и православните да бидат секогаш вдахнати од братската љубов – рече папата Фрањо.

Истотака посети дека вчера во Перу за блажени се прогласени тројца свештеници кои биле убиени од омраза кон верата во 1991 година. На крајот на сите им посака добра подготовка за претстојната Света Година на милосрдието.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот