Да се обезбеди мирољубива употреба на нуклеарната енергија
Overview
- Retailer: надбискуп Кача, нуклеарна енергија, ООН
Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во Њујорк надбискупот Габриеле Кача на 8 август говореше на Десетата ревизиска конфренција на страните на Договорот за неширење на нуклеарното оружје која се одржува од 1 до 26 август во Њујорк.
Надбискупот Кача го истакна ставот на Светиот Престол дека нуклеарната енергија треба да се користи само за мирољубиви цели. Надбискупот рече дека Светиот Престол ја користи таа прилика за повотрно да ја потврди својата посветеност на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и ги поттикнува државите членки да ја зајакнат поддршката на Агенцијата.
Позитивните и негативните страни
Тој го истакна придонесот кој нуклеарната технологија го даде за одржлив развој нудејќи терапија за лекување на ракот, подобрување на приносите на културите, управување и заштитата на залихите на вода и следење на загадувањето на океаните.
Партнерствата за градењето на капацитетите помеѓу земјите во развој и Агенцијата овозможија речиси сите држави да имаат корист од таквите апликации, рече надбискупот. Меѓутоа истакна дека и покрај тие постигнувања, ширењето на нуклеарната технологија не помина без проблеми.
Мирољубива употреба на нуклеарната енергија
Обезбедувањето на мирољубива употреба значи дека нуклеарната енергија, медицинските и истражувачките објекти не смеат да бидат мета во војната, што би можело да ги претвори таквите места во извор за пролиферација, да создаде „валкани бомби“ или радиолошки контаминирани локални заедници и животна средина, наштетувајќи така на сегашните и идните генерации, нагласи надбискупот.
Во тој поглед, продолжи Светиот Престол, најпрво потсетува дека Протоколот и Женевските конвенции забрануваат напади на нуклеарни електрани и поттикнуваат заштитата на цивилните објекти да биде високо поставена на меѓународната агенда, вклучувајќи заштита на нуклеаните централи. Исто така нагласи дека таквите напори мора да одговорат и на секундарните последици на војната и конфликтите, кои остануваат долго откако оружјето ќе замолчи.
Нашиот заеднички дом
Во напорите да го заштитиме нашиот заеднички дом, рече надбискупот, мирољубивата употреба на нуклеарната технологија мора да се разгледува на целосен начин, а не со изолиран, технократски пристап. Одејќи по патот на целосниот човечки развој бара занимавање со општетсвените, еколошките и здравствените влијанија на технологијата, додаде надбискупот Кача.
Тој Кача истакна дека потенцијалните нови изуми во нуклеарната енергија сугерираат дека пружат климатски неутрална енергија без штетни влијанија на здравјето, животната средина и идните генерации.
Понатаму, истакна дека државите би требало да преземат чекори за санација на животната средина на која има негативно влијание нуклеарната несреќа и ископувањето на ураниум, да се помогне на заедниците кои страдаат од таквите последици и да се договорат долгорочни решенија за складирање на високорадиоактивен отпад.
Надбискупот ги повика државите на соработка во настојувањето нуклеарната енергија да се користи за мирољубиви цели. Во таа смисла, додаде, Светиот Престол го поздравуваат отворањето на Банка на ниско збогате ураниум IAEA во Казахстан и повикува на зголемување на напорите во мултилатерализација на циклусот на нуклеарно гориво.
Етика на одговорноста
Завршувајќи го обраќањето, надбискупот Кача истакна дека сегашните и идните генерации заслужуваат мирен светски поредок кој се заснова на единството на човечкото семејство, на почитување на соработка, солидарност и сочувствување. Исто така нагласи дека сега е време на логиката на стравот да се спротивставиме со етиката на одговорноста и така да поттикнеме клима на доверба и искрен дијалог.
Ватикан њуз/к.мк