Да се навестува Христос во дигиталната ера

Навестувањето на верата бара вистински и директни човечки контакти, затоа интернетот не е доволен, технологијата не е доволна. Ова сепак не значи дека присуството на Црквата на интернет е безвредна. Напротив, нејзиното присуство во евангелски стил е неопходен во свет кој, особено за младите, се претвори во еден вид животна средина и поттикнува неотповикливи прашања на срцето за смислата на постоењето”. Ова го истакна папата Фрањо во сабота 7 декември за време на средбата со учесниците на Пленарното собрание на Папскиот совет за лаици, на тема: „Да се навестува Христос во дигиталната ера ” .

„Станува збор за една привилегирана сфера за работа со младите, за кои мрежата е, така да се каже, нешто вродено”, истакна Папата. Интернет е распространета реалност, комплексна и во континуиран развој, што го прави веднаш актуелно прашањето за односот помеѓу верата и културата”. Светиот Отец даде пример со првите векови на христијанската вера, кога Црквата се натпреваруаше со наследството на грчката култура, но „Црковните отци соочувајќи се, не се затворија во себе, ниту пак направиле компромис со некои идеи спротивни на верата. Напровит, беа во состојба да ги признаат и усвојат највозвишените идеи, и во светло на Словото Божјо, да им дадат нова смисла. „Сѐ испитувајте, за доброто држете се!“ (1 Солунјаните 5,20).

Папата истакна дека треба„ секое нешто да се проверува, заради можностите и опасностите на мрежата”. Свесни дека „ќе наидеме и на лажни монети понуди, опасни заблуди и стапици, кои треба да ги избегнуваме”. Сепак водени од Светиот Дух, ќе откриеме и богати можности за да приведуваме луѓе за Господ.

Тој истакна дека меѓу можностите кои ги нуди од дигиталната комуникација, најважното се однесува на навестувањето на Евангелието. Се разбира, не е доволно само стекнување на технолошки вештини, иако тие се важни.

Треба пред сè да се сретнеме со реални луѓе, мажи и жени, често повредени или изгубени на својот пат, за да им дадеме вистински причини за надеж”. Навестувањето бара веродостојни и директни човечки односи за да се дојде до лична средба со Господ.

Папата заврши со зборовите: „Црквата е во постојано движење, во потрага по нови патишта за навестување на Евангелието. Придонесот и сведоштвото на верниците лаици, со секој изминат ден се покажува сѐ понепходен.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот