Папата Фрањо во видео порака им се заблагодари и ги охрабри учесниците во солидарната мисија на аргентинската парохија „Успение на Пресвета Богородица“ меѓу сиромашните од домородната заедница Вичи, во планините на границата меѓу Боливија и Парагвај.
Парохијаните на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од аргентинскиот град Рио Куарто веќе три години ги посетуваат домородните заедници во провинцијата Салта. Оваа година, под мотото „Соништата се градат заедно“, вдахновено од енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti“, околу 30 млади луѓе и постари лица од заедницата Вичи, на планините меѓу Боливија и Парагвај, во придружба на семејствата, имаа света Литургија со нив, играа со децата, споделувајќи ја верата.
Токму нивниот сонародник, папата Фрањо, сакаше да ги охрабри аргентинските парохијани во кратка видео порака. Како што рече: „Да се оди во мисии значи да излезеш од себе за да го дадеш најдоброто од себе и најдоброто што го дава Бог, а тоа е многу убава работа“.
Поздрав упати и до отец Маријано Кордеиро, кој е дел од мисиите, и заклучува: „Значи, назад во мисиите“.
Како што сведочеше о. Кордеиро, по една недела помината меѓу гореспоменатата домородна заедница, младите се вратија полни со надеж, сиромашните им ги отворија очите. „Верувам дека Господ ја разбуди нивната чувствителност за да ги воспита да се залагаат за нивните браќа, за ближниот… моите млади се богатство на мојот живот, тие ме исполнија со гордост вршејќи ја оваа мисионерска задача“.
Нивна желба е да растат во пријателство со домородните заедници. Ги посетуваат двапати годишно и поминуваат повеќе од пет километри, каде што, како што рече отец Кордеиро, „чука срцето на нашето сакано Царство, Исус, сиромашните, малите“.
Ватикан њуз/к.мк