Да кажеме одлучно НЕ на Halloween
„Тој (ѓаволот) е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата.“ (Ив 8, 44)
Кога ќе одлучите да напишете нешто за некого или за нешто, обично пред тоа запознајте се со материјалот за кој пишувате: Сакате ли нешто да оправдате и ги уверите луѓето во вредноста која ја застапувате, мора и самите во неа да верувате. Заради тоа е несфатливо и неодговорно да пишуваш и застапуваш некои вредности за кои самите мислите дека се вистински и при тоа ги уверувате сите останати во нив да веруваат, давајќи најпрво лажни и неточни информации за материјалот за кој пишувате.
Мислам најпрво на оние кои во својата релативна вера, (бидејќи само такви можат да бидат) ве уверуваат дека не треба да верувате во својата вера. Тоа е видливо најнапред во сѐ повеќе промовираната т.н. ноќ на вештерките. Ако се осудите да напишете нешто против таа (не)култура која ни дојде сервирана како на шега, против вас ќе станат најпрво нашите „ревни католици“, за кои славењето на ноќ на вештерките е ИН. И ако на прозорецот ноќта во очи на празникот на Сите Светци немате празна тиква, паѓате во опасност да ве прогласат за заостанат незнајко кој не е свесен за постоењето на другите култури.
Станувам одлучно против ваквите етикетирања кои доаѓаат од нестручни луѓе. Сето она за кое пишувам, пишувам исклучиво и само од лично уверување во својот сопствен живот, како теолог застапувајќи ја на прво место науката и верата на Католичката Црква. (…) Одлучно одбивам да славам и промовирам она што го сметам на прво место – спротивно на својата вера, на второ – многу глупаво, а на трето – бесмислено. Па, навистина не гледам причина да ме осудуваат оние кои во празни тикви на своите прозорци гледат потврда за себе на културен и образовен човек. Во ова време преплавено со религиски понуди, кои често ни се сервираат како култура, а со неа немаат никаква врска.
Фамозната ноќ на вештерките доаѓа од Англија, земја која има богата и значајна историја за која нашите деца треба да учат. Таа Англија има многу убави обичаи кои ги засенила таа ноќ. (…) Наместо ноќ на вештерките би било многу добро кога нашите деца би славеле ден на палачинките кој исто така е англиски празник. За сè што ни зборуваат е занес на одредени наставници со материјал во која нивната имагинација пронашла плодно тло да се покаже, па така училиштата ни ги претвораат во пештери на вештерки, гробишта и костурници, по чии ходници летат лилјаци, вампири и сл. Па кога ќе влезете во такво некултурно и пагански украсено училиште, верувам дека зборот „култура“ нема да ви падне на памет бидејќи во таквата безвезност има сè само не култура.
Би било убаво кога наставниците по англиски јазик како и сите други наставници, професори и воспитувачи на нашите деца својата наставна програма ја градат на културата на еден народ, а не на мешавина на секуларизирани и мултикултурна историја на американскиот народ и различни религиски деноминации, бидејќи она што ни се наметнува како славење на нечија култура крие во себе страшна вистина отколку што ја гледаме во празната тиква.
За оние кои не знаат неколку зборови за самиот датум на ноќ на вештерките:
Ноќ на вештерките или Halloween е пагански празник кој значи: HELL – пекол и WEEN од коренот WIN што значи да победиш, а тоа значи: победа на пеколот.
Денот 31 октомври е важен датум за езотеријата, збир на учења и знаења кои се занимаваат со проучување на законитоста на видливите и невидливите светови односно сакаат човекот да го доведат до метафизичко спознание, кое го дефинират на следниот начин:
„Се враќа големиот Sabba четири пати годишно… Самхаин Samhain (келтски кнез на мртвите и кнез на темнината) Halloween кој можеби е најубавото славење… најмагичниот ден во целата година, тој е нова година за целиот езотерички свет.
А окултниот свет го дефинира со следните зборови: „Тоа е најважното славење на следбениците на сатаната.“ (…)
Модата на Hellоween треба да се побива бидејќи се обидува да ja уништи традицијата на сеќавање и благодарност кон нашите драги починати и нашата вера во Исус Христос. Божјиот народ не треба да се маскири и да го слави тој ден. Да го дигнеме гласот во името на Исус Христос кој нè ослободува од злото на сатаната и нека христијаните коi го сметат тој ден за забава биде повик на покајание и заземање на нов став. Доколку поединци сакаат да бидат бесплатна реклама на оние кои промовираат култура на смрт – да дозволиме тоа да остане нивен избор, но поголемиот дел тоа го прават од забава и во својата духовна неписменост. Не е лесно да одиш против струјата, ставајќи се против трендовите и модата која владее која го опседнува човекот на секој чекор, но, како христијани сме повикани да бидеме сведоци на Вистината. Како христијани повикани сме да мислиме и размислуваме и лукавството кое морбидно и окултно се прикажува како симпатично, забавно и содржајно – добро за младите, одлучно да го отфрлиме далеку од себе.
Денес чувството на заедништво со оние кои повеќе ги нема го изразуваме со одењето на гробовите на покојните(…). Да се помолиме за своите и за сите мртви чекајќи го со надеж моментот на повторна средба со нив во Царството небесно.
Да кажеме одлучно НЕ на славењето на ноќ на вештерките!
Злата Гиља/Вера и дела/Д.И.