Градоначалникот на Њујорк се сретна со кардинал Паролин

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, кој е со италијанско потекло, овие денови со своето семејство се наоѓа во посета на татковината на неговите предци, а на 21 јули се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин – соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Иако до сега не беше официјално потврдено, постои можност следната година Светиот Отец да ги посети Соединетите Американски држави, со евентуална посета и на Мексико. Покрај Филаделфија, каде во септември наредната година ќе се одржи Светската средба на семејства, не е исклучено Папата да посети и некои други градови, пренесува Ватикан Инсајдер..

Се надевам дека наскоро ќе нѐ посети – рече градноначалникот на Њујорк Бил де Блазио, поканувајќи го Папата. Имав прекрасна средба со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин –изјави градоначалникот на Њујорк. Ние во Њујорк многу го цениме Папата; неговиот глас е многу важен и тој е личност која е концентрирана на предизвиците на светот, кој пак се наоѓа во криза. Презафатен е со секојдневните предизвици во светот и нѐ потсетува дека секогаш треба меѓусебно да бидеме браќа – рече во кратката изјава градоначалникот на Њујорк, а пренесува Ватикан Инсајдер.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот