„Што Бог бара од мене?“ „Која е Божјата волја за мене?“ „Како можам да живеам свет живот во служењето на Бог и Црквата?“ „Како можам да го наследувам Господ?“ „Каде ме води Господ?“ „Кој е мојот животен повик?“ Одговорот на ваквите и слични прашања во текот на животот претставуваат постапка на секое лично расудување и избор на животниот пат (повик илиСите написи занимање).
Процесот на расудување секогаш подразбира слушање на внатрешниот глас (срцето). Тој внатрешен глас можеме да го наречеме и „желба на срцето“ (Свети Августин за тоа ќе каже: каде ти е срцето, таму ти е и богатството)! Од духовно гледиште, тој внатрешен глас го сфаќаме како мудро внатрешно Божјо присуство. Во тишината на молитвата, со текот на времето, во животот хранет со Словото Божјо, светите тајни и животот со Црквата, почнуваме да ги доживуваме поттикнувањата од Духот кој нѐ повикува на личен начин на живот во служење на Црквата.
Првиот показател во таа насока е желбата за таквото служење. На пример, почнувам да размислувам дека имам повик да живеам како свештеник и/или монах. Во молитвата стекнувам впечаток дека ова е Божјата волја за мене. Чувствувајќи го тој повик, чувствувајќи ја желбата да служиш на тој начин, продолжуваш да расудуваш така што своето искуство ќе го споделиш со пријателите и со членовите на семејството. Мислењето на оние кои најдобро нѐ познаваат (родителите, браќа – сестри, свештеник, вероучител…) секогаш е важно. Затоа што расудувањето за животниот повик никогаш не е само моја лична работа. Тоа што самите сме го избрале како Божја волја и лично добро, секогаш е добро да го потврди некој од страна, некој кој што нѐ следи низ животот (членовите на семејството, свештеникот, вероучителот, духовниот водач…).
Пред изборот на духовниот повик е добро да се разгледаат и своите способности (таленти), своето телесно – морално – душевно здравје, својот молитвен живот и верата, за да можеме да видиме дали сето ова се совпаѓа со барањата за искрено и посветено служење на Бога и браќата луѓе.
Духовни-позив блогспот/к.мк