Како се чува љубовта?

Како се чува љубовта?

Мајка на својот син му дала совет кој никогаш нема да го заборави …

Мајка и момче шетаат покрај плажа. Во еден момент момчето прашува: „Мамо, како се чува љубовта?”

Таа го погледнала и му одговорила:

“Земи малку песок и стисни го во дланката …”

Момчето ја стегна дланката и што повеќе го стискаше, песокот повеќе паѓал од неа…

„Но, мамо, песокот ми бега …”

„Знам, а сега целосно отвори ја дланката…”

Момчето ја послуша, но во тој момент дувна ветер и го однесе целиот песок од дланката …

„Ни вака не успевам да го задржам песокот …”

На тоа мајката, со насмевка на лицето, рече:

„Сега повторно земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажица, доволно затворена за да го заштитиш, а доволно отворена за да биде слободен …”

Детето направи  како што му било кажано и песокот остана на дланката, заштитен од ветрот и слободен да не се лизга низ прстите.

Еве, така се чува љубовта…

Битно.нет/Анастасија Делијанова

Категорија: Вера, Духовност

За авторот