Голема волонтерска акција во парохијата Свети Пророк Илија – Радово
Радово, 15.5.2013 – /к.мк/ Во среда, 15 мај во парохијата „Свети Пророк Илија“, Радово беше спроведена голема волонтерска работна акција за уредување на црковниот двор и останатите црковни објекти во парохијата. Акцијата беше предводена од парохот отец Зоран Стојанов и на неа учествуваа голем број граѓани – волонтери од парохијата. Во акцијата беше исчистен и уреден црковниот двор, исфарбани клупите, уредени дрворедите и околината околу двете месни капели. (Н.В)
Категорија:
Македонија