Продолжувајќи ја серијата катехези посветени на ваќноста и вредноста на староста, Папата на Генералната аудиенција во среда 27 април 2022 година беше вдахновен Книгата Рут, за која рече дека е „библиски скапоцен камен“. Таа мала библиска книга содржи вредни учења за заветот на генерациите, истакна Светиот Отец.
Во центарот на катехезата на Папата на Генералната аудиенција беше вдовицата Ноемина од библиската книга Рут. Како што им кажа Светиот Отец на верниците собрани на плоштадот Свети Петар, оваа прекрасна приказна ја осветлува убавината на семејните врски и ги покани повторно да ја откријат Книгата Рут, овој „библиски скапоцен камен“.
Рут и Ноемина
Таа мала библиска книга содржи вредно учење за сојузот на генерациите: онаму каде што младоста се покажува способна да го врати ентузијазмот во зрелата доба, староста се открива способна повторно да ја отвори иднината за ранетата младост, рече Папата.
Зборува на врската на љубов и взаемна поддршка помеѓу постарата Ноемина и нејзината млада снаа Рут. Ноемина останала сама во туѓа земја по смртта на нејзините два сина. И покрај тагата, таа со љубов ги охрабрува младите снаи да се вратат во своите семејства за да ги обноват нивните животи, а таа пак ќе се врати во родниот Витлеем. Тоа е чин на љубов, рече Папата.
Но, Рут решава да не ја остава Ноемина и ја следи во Јудеја. На почетокот, Ноемина изгледа повеќе неволно отколку среќна од оваа понуда, рече Папата. Можеби мисли дека оваа чудна врска ќе го зголеми ризикот и за двајцата. „Во некои случаи, тенденциите на постарите кон песимизам треба да се спротивстават со љубезниот притисок на младите“, нагласи Светиот Отец.
„Всушност, Ноемина, трогната од посветеноста на Рут, ќе излезе од нејзиниот песимизам, па дури и ќе преземе иницијатива, отворајќи нова иднина за Рут“.
Ново поглавје
И двете жени започнуваат ново поглавје во нивниот живот, каде Рут ја поддржува Ноемина, а Ноемина за возврат и помага да најде нов сопруг, Воз. Се прослави новиот брак на Рут и световите повторно се смирија, додаде тој. „Израелските жени и кажуваат на Ноемина дека Рут, која е странец, вреди „повеќе од седум сина“ и дека овој брак ќе биде „благослов од Господ“. Ноемина, која беше полна со огорченост, па дури и ќе каже дека нејзиното име е горчевина, во нејзината старост ќе ја запознае радоста на учеството во генерацијата на новото раѓање.
„Погледнете колку „чуда“ го следат преобраќањето на оваа постара жена! Таа се преобраќа со настојување, со љубов да се стави на располагање за иднината на генерацијата ранета од загуба и опасноста од напуштање“, рече Папата.
Отстапувајќи од подготвениот текст, Светиот Отец рече дека свекрвата често се доживува во негативно светло. Сепак, додаде тој, таа е мајка на вашиот сопруг, а може да биде и баба, што е прекрасна работа. Дополнително, тој ги повика семејствата и свекрвите едни на други да се охрабруваат меѓусебно во она најдоброто што го имаат во нив.
Поврзување на генерациите
Папата Фрањо објасни како случајот со Рут и Ноемина покажува дека во Божјиот план, верата и љубовта овозможуваат да се надминат предизвиците. Како заклучок, Папата истакна: „Ако младите се отворени за благодарност за она што го примиле, а старите преземат иницијатива повторно да ја обноват својата иднина, ништо не може да го спречи процутот на Божјите благослови меѓу луѓето!“
Тој исто така ги охрабри младите да разговараат со постарите, бабите и дедовците, а постарите да разговараат со младите. Ова, рече Папата, ќе ја зајакне хармонијата
Ватикан њуз/к.мк