Постарите луѓе треба да ја прифатат својата слабост за да го следат и да сведочат за Христос, истакна папата Фрањо на катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 22 јуни 2022 година, продолжувајќи го циклусот посветен за важноста на староста.
Во центар на размислувањето на Папата беше дијалогот меѓу воскреснатиот Исус и Петар на крајот од Евангелието според Иван (21,15-23), а Светиот Отец се осврна на постепеното слабеење на физичката сила со текот на годините и како тоа нуди нов начин да се следи Христос.
Трогателен е дијалогот, од кој блеска сета Исусова љубов кон своите ученици, како и возвишената човечност на неговиот однос со нив, особено со Петар, истакна Папата. Тоа е нежна врска, директна, силна, слободна и отворена. Врска обележана со вистината.
Слаткасто навестување
Во нивниот разговор, Исус го прашува Петар дали го љуби и го повикал „да ги пасе овците негови“. Како што истакна Папата, овој разговор се испреплетува, сосема природно, со расправата меѓу нив.
„Дали сме способни да ја чуваме смислата на овој однос на Исус со учениците, во согласност со неговиот стил, толку отворен, толку искрен, толку директен, толку човечки реален?
Честопати сме во искушение да го затвориме сведоштвото на Евангелието во „слаткаста“ објава, на кое го придодаваме и нашето повремено обожавање. Иако таквиот став изгледа како почит, тој всушност не оддалечува од самиот Исус, предупреди Папата.
Верност во кревкоста
Исус го предупредува Петар во евангелскиот пасус „кога беше помлад, сам се опашуваше и одеше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш рацете свои, и друг ќе те опаше и поведе на каде што нејќеш.“ И вашето сведочење ќе биде придружено со таа слабост.
Освен што се алудира на мачеништвото и смртта на Петар, Исусовите зборови може да се сфатат и како повик да научиме да сведочиме во староста на нов начин. „Твоето наследување ќе треба да дозволи да биде поучено и обликувано од твојата кревкост, твојата беспомошност, твојата зависност од другите, дури и во облекувањето, во одењето“, рече Папата.
Во староста, додаде тој, учиме од нашата кревкост за да ја изразиме доследноста на нашето сведочење во животот, кој што „во голема мера е доверен на другите“.
„Но, мораме повторно да се запрашаме: дали имаме духовност способна да го толкува периодот, во ова време на нашата слабост што им е доверена на другите, повеќе од силата на нашата автономија?
Искушение и сведоштво
Староста е секако време на искушение, забележа Папата, додавајќи дека Петар ја нагласува оваа вистина прашувајќи го Исуса: Господи, а овој, пак, зошто?”, гледајќи како помладиот, сакан ученик ги следи. Исус му рече: „Ако сакам тој да остане, дури дојдам, тебе што ти е? Ти врви по Мене!” (Иван 21, 22). Постарите, рече папата Фрањо, не треба да бидат љубоморни на младите кои ќе ги надживеат.
„Честа на нивната верност на љубовта на која се заколнаа, верноста во наследување на верата во која поверуваа, дури и во услови што ги приближуваат да се опростат од животот, е причина за восхит за следните генерации и благодарна исповед од Господ.”
Најдобриот дел од животот
Папата Фрањо ја заврши катехезата уверувајќи ги постарите дека „дури и присилното неактивно наследување, вткаено во емотивно размислување и занесно слушање на Словото Господово – како Марија, сестрата на Лазар – ќе стане најдобриот дел од нивниот живот“.
Ватикан њуз/к.мк