Генерална аудиенција: Примерот на Марија нека не научи да веруваме, да се надеваме и да допреме до другите

На Генералната аудиенција во среда, 5 февруари 2025 година, папата Фрањо читањето на катехеза го довери на еден вработен во Државниот секретаријат поради неговата настинка. Во текстот Папата се фокусира на посетата на Марија кај Елисавета и на карактеристиките на Богородица која, откако ќе биде воодушевена од она што ѝ го соопшти ангелот, тргнува на своето патување, не плашејќи се од опасноста или туѓиот суд и, трогната од љубовта, оди да и помогне на својата роднина. Нејзиното „Величај“ е пофалба на Бога исполнета со вера, надеж и радост.
На редовната катехеза во среда, папата Фрањо размислуваше за убавината на Исус Христос, нашата надеж, во таинството на посетата на Дева Марија кај Света Елисавета.
Во посетата на Марија на Елисавета, како што вели Светото Писмо на Захарија, се исполнуваат сите древни пророштва. Бог, поточно Исус во утробата на неговата мајка, го посетил и го откупил својот народ.
„Кога некој се чувствува сакан, тој ја искусува силата која ја придвижува љубовта. Марија го чувствува поттикот на љубовта и оди да ѝ помогне на жената која е нејзина роднина, но и на старица која, по долго чекање, ја дочекува ненадејната бременост, која тешко ја поднесува во нејзините години. Но Девицата оди кај Елисавета и за да ја сподели својата вера во Бога за кого се е возможно и надежта дека ќе ги исполни неговите ветувања“ – рече Папата.
„Соочена со препознавањето на месијанскиот идентитет на нејзиниот Син и нејзиното послание како мајка, Марија не зборува за себе, туку за Бога и вознесува пофалба полна со вера, надеж и радост, пофална химна која секој ден одекнува во Црквата за време на Вечерната молитва“, истакна папата Фрањо.
Од средбата на овие жени кои споделуваат вера, радост и надеж, се појавува песна која сите добро ја знаеме – Величај. Оваа химна на Марија е свечен спомен кој ја сумира молитвата на Израелскиот народот. Нејзините стихови се испреплетени со библиски призвук кој го изразува Божјото сочувство кон малите и понизните. Тоа е благодарно сеќавање на минатото кое ја осветлува сегашноста со светлината на верата и иднината со надеж. И ние сме повикани да го чекаме исполнувањето на Божјото ветување.
Силното присуство на Велигденскиот мотив ја прави химната „Величај“ и песна на откупување, која како позадина го има сеќавањето за ослободување на Израелот од Египет. Сите глаголи се во минато време, проткаени со сеќавање на љубовта која ја осветлува сегашноста со светлина на верата, а иднината со надеж: Марија пее за благодатта искажана во минатото, но е жена на сегашноста која во својата утроба ја носи иднината“ – нагласи Папата и продолжи:
Првиот дел од химната го велича Божјото делување во Марија, тој микрокосмос на Божјиот народ кој целосно се придржува до Заветот; Во вториот дел, погледот се проширува на делувањето на Отецот во макрокосмосот на историјата на неговите деца, преку три клучни зборови: сеќавање – милост – ветување.
„Денес, да ја молиме Господа за благодатта за да можеме да чекаме исполнувањето на секое негово ветување и да ни помогне да го прифатиме присуството на Марија во нашите животи. Водени од нејзиниот пример, сите можеме да откриеме дека секоја душа што верува и се надева „го зачнува и го раѓа Божјото Слово““, ја заврши својата катехеза, која ја читаше отец Пјерлуиџи Жироли вработен во Државниот секретаријат, поради настинката на папата Фрањо.
Потсетувајќи се на свештениците и посветените лица кои работат во сиромашните подрачја и во земјите зафатени од војна, тој истакна дека нивното присуство во овие подрачја им дава надеж и на луѓето таму, сведочејќи дека Бог секогаш мисли на нив. Светиот Отец лично ги поздрави ходочесниците од шпанското говорно подрачје.
Ве повикувам да воздигнете величествена песна до Бога во оваа јубилејна година, како Марија, сеќавајќи се со благодарност за големите работи кои Бог ги направил во вашите животи. Нека ве благослови Исус, а Пресвета Богородица нека посредува!
Аудиенцијата Папата ја заврши со зборовите:
Моите мисли сега особено се насочени кон младите, болните, постарите, како и бројните присутни младенци. Како апостол Павле, ве поттикнувам да бидете радосни во надежта, силни во неволјите, истрајни во молитвата и внимателни кон потребите на вашите браќа!
Ватикан њуз/к.мк